Извршителите се зло во општество кое се темели на уставни начела за хуманост, социјална правда и солидарност

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Пишува Оливера Доцевска

Во едно општество, како што е македонското , кое се темели на основни уставни начела на хуманост , социјална правда, солидарност и достоинство, Извршителите се алатка за нехуманост , неправда, па во врска со потишаниот Меморандум помеѓу МТСП и Комора на извршители, повеќе од јасно за секој правник е дека новата мерка за заштита од Извршителите не е нова, а всушност е јавно признание за злоупотреба од страна на извршителите на службената должност и овластување, несовесно постапување во служба и работење спротивно на законот, малтретирање на граѓаните и нивна амнестија од власта.

Асистирањето на Извршителите, во спроведувањето на извршните дејствија, од страна на банките,  е посебна приказна.
Извршителите треба да се укинат! веднаш и да се преиспита во детали нивното работење.

Пред се е многу важно в.в. со член член 5 од Законот за извршување , во одредбите кои се однесуваат на ” Заштита на странките, учесниците во постапката за извршување и нивните семејства”

да се изземат од извршување  домовите во кои живеат должниците, да се извршува врз недвижност само кога должникот има други недвижности освен домот во кој живее  (за да не се создаваат бездомници в.в. со хуманост, социјална правда и солирадност и достоинствено живеење согласно Уставот , член 8 и меѓународно прао за човекови права).

Со оглед на очигледноста на фактите, од првиот пасус на ова писание , а очигледните факти не се докажуваат,(процесни закони)

Одребите за Извршител , од Законот за извршување, треба задолжително да се укинат од чл.32 –член 82, односно итно да се укине институцијата Извршител, извршувањето да се врати во Судовите на Република Македонија,(се покажа дека има злоупотеби на службени положби и овластување, понекогаш петкратно зголемување на долгот, насилие врз достоинството на должниците и слично), а

таксите за извршување пак е потребно да се прилагодат соодветно на просечна плата на Република Македонија (како и адвокатската тарифа за награди и трошоци).

В.в. со чл.83 потребно е да се забрани извршување по 16 .30 часот и стигматизација со присуство на полиција во доцни часови, а полициското присуство да не се злоупотребува, односно полициските сили можат да бидат и во цивилка, во случај на потреба од нивно присуство.

Досегашното постапување на Извршителите и полицијата доведе всушност до  насилство врз психата и душевниот мир на граѓаните/ките  на Република Македонија, како и на преголема моќ од страна на извршителите врз должниците, понижување на достоинството и семејството и семејниот живот , посебно при достава на писмена.

Должникот не  е криминалец, ниту пак за долгови смее и може да се лежи во затвор в.в. со Европска конвенција за човекови права.

Имајте пријатен Бадник и весел Божиќ и борете се за своите права и достоинство…