Жени кои го променија светот – Вероника Франко, куртизана поетеса, Венеција (1546-1591)

Seguace_JacopoTintoretto_Ritratto_di_signora

Будност.мк Ви посакува Среќна Нова 2018 година, со зборовите (од филм) на една од најзначајните поетеси на средновековието, Вероника Франко, италијанска поетеса – куртизана, од 16 век, од време кога во Венеција само на куртизаните им било дозволено да учат и влегуваат во библиотеки.

https://www.youtube.com/watch?v=tIwz8J7rlOI

Таа била обвинета за вештерство од инквизицијата, но обвиненијата биле отфрлени под влијание на благородништвото.
Како одлично образувана жена, Вероника Франко ќе напише два тома поезија – Terze rime во 1575 и Lettere familiari a diversi во 1580. Таа публикува исто така книга на писма и ги собира делата на другите познати автори во антологии.

Успешна на сите полиња на работа, исто така основа и добротворна установа за куртизаните и нивните деца.


“Кога и ние сме вооружени и обучени, можеме да ги убедиме луѓето дека имаме раце, нозе и срце исто како Вашето, и иако можеме да бидеме деликатни и меки, некои мажи кои се деликатни се исто така силни.Други, груби и сурови, се кукавици. Жените сè уште не го сфатија ова, но ако одлучат да го сторат тоа, тие ќе можат да се борат со Вас до смрт и да докажат дека ја зборуваат вистината. Меѓу толку многу жени, јас ќе бидам правата која ќе дејствува, поставувајќи пример за сите нив да го следат. ” (зачувани записи на Вероника Франко)


– Вероника Франко-