Човечност, што беше тоа? – пишува Дијана Тахири

-52-279x300

преземено од civilmedia.mk

Се случи уште едно убиство во нашиот град. Дознав ( како и вие) од интернет. Од интернет порталите, и од пријатели што ја споделија црната вест. Минатата вечер, како и секогаш кога се случува убиство, страницата ми се наполни со објави за веста, насловени со „Видео од убиството…“, „Внимание, вознемирувачка содржина“, „Фотографии од убиството…“, и слично. Ми се помати умот.

Пред неполни дванаесет години, на еден неделен мартовски ден, ми заѕвони мобилниот во пладневните часови од денот. Беше татко ми, ме праша дали следев вести, и кога му кажав дека не следев, инсистираше да следам, некако чуден во своето барање и во гласот. Го вклучив телевизорот, побарав канал со вести, и по неколку минути ја слушнав веста за четворица исчезнати од Македонија, во една друга земја, и дека се претпоставува дека се киднапирани од локални терористи. Сè уште не се знаеше дали се живи. Ова се случило пред еден ден, значи во сабота, но веста се прошири во недела. Со неверување ја слушав веста, затоа што мојот сопруг со тројца негови соработници пред два дена отпатуваа на истото место за потребите на компанијата за којашто работеа, и не се слушнавме два дена бидејќи на локацијата каде што отпатуваа мрежата не беше достапна. Се прибрав, и си помислив – штом не се јавија од компанијата во којашто работи, сигурно не се тие, иако се вознемирив од веста независно дали ги познавав или не луѓето. Сепак, по неколку часа се јавив кај познаници во фирмата, за да ми потврдат. Ми кажаа дека не е вистина, и ми препорачаа да не гледам вести. Ако има нешто такво, сигурно дека ќе ме информираат. Медиумите не престануваа со известувања, вест дека терористите бараат голема сума пари за размена на заложниците, вест дека ги убиле, вест дека ги пронашле… Подоцна, се јавив кај сопственикот на фирмата, откога се алармиравме сите, и разбрав дека мојот сопруг, со неговите тројца колеги, биле киднапирани, и дека сè уште не се знае ништо за нивната состојба…

повеќе прочитајте на

https://civilmedia.mk/tchovtchnost-schto-bsch-toa/