Граѓанско новинарство на Цивил – сепак се движи

25550158_10215423655092998_8345452045192590254_n

Граѓанското новинарство на Цивил , како граѓанка и граѓанскa активистка го следам поодамна.

И покрај обидите од страна на разноразни политички структури претходни, сегашни и идни, за намалување на вредностите кои ги носи како идеја, тоа стана проект кој некако зема замав во Република Македонија и беше широко прифатен од граѓаните/ките , па постојно можете да видите прилози видео, аудио, како и фотографии на медиумите на Цивил Центар за слобода и цивилмедиа.мк од различни краишта на Македонија.

Проектот беше превземан и од граѓански организации(не сум информирана со или без дозвола и заштита на авторско право).

Како и да е, нешто започна да се движи, иако кај нас се тече , но ништо не се менува.

Овој проект како полека да почна да ги буди граѓаните/ките, се рашири како вирус, добар вирус и веќе е незапирлив. Се радувам што е така.

Вчера бев поканета и имав прилика да присуствувам на доделувањето на наградите од 13-от циклус, “за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните во нивните заедници, несовесното однесување во сообраќајот, поставување прашања до институциите, афирмирање прашања поврзани со младите…”(цитат на Цивил)

Присуствував на трогателни прилози снимени од страна на граѓанските новинари/ки.Суров е светот во кој живееме, посакав да викнам силно силно, ајде заедно да го облагородиме…еднаш засекогаш, до кога така, се запрашав во мислите конечно…

Посебен впечаток по прилогот , ми остави видео материјалот на Даниела Мирческа.

Можеби затоа што во детството без посветена на биологијата и сакав да студирам медицина, можеби затоа што пораснав во семејство кое имаше здравствен работник во итна медицинска помош, можеби поради вујко ми кој почина од инфаркт на улица без здравствено осигурување, можеби затоа што знам како ми беше кога моето дете чекаше со скршена рака, подлактица , две подлактични коски во болница Куманово, а никој не сакаше да го згрижи цели два часа, се дури не плативме 500 евра приватно лекување, растрачани наоколу во солзи.

Несовесни и нехумани граѓани/ки луѓе не се само во здравството, но и на улиците.

Во прилогот се работеше за возило на итна медицинска помош, заглавено на паркингот од несовесните граѓани, кои со колата би влегле во болницата да можат, додека во возилото имаше дете од интензивна , кое беше подгтовено за итна операција, а лекарите беа во паника и плачеа.
Иако сум Јустиција- нка, денес ме нарекоа Цивил- ка.Сум, на секој начин.Фала на Денис Јанкуловски.
Уште еднаш – напред и поддршка за Цивил.На Македонија и треба секој еден човек како што сте Вие…Заслужувате секоја поддршка.

Секој еден што се бори за праведна цел, која ги тангира интересите на сите, ги зема во предвид заедничките интереси, заслужува поддршка.

Скромниот објектив, граѓански, на будност.мк и Јустиција, се обиде да ја забележи оваа активност со коректна фотографија , некои од моментите од овој настан.

Да се надеваме дека и овој текст, кај Вас ќе побуди внимание и сочусвтсво и ќе ве предизвика понатаму да творите, градите, создавате, се грижите едни за други.

Тоа е мојата желба за новата 2018 година.

О.Д.