СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА – Јустиција во предновогодишна посета на Дом за стари лица – Св.Пантелејмон, Скопје

25552202_10215419085818769_3128657210959692296_n

Денес Јустиција го посети ПУСЗ Геронтос М – Дом за стари лица “Св.Пантелејмон Скопје” во рамките на предновогодишно дружење со стари лица и лица со деменција и спроведе заедничка активност со стручните лица од домот, на мерење на шеќер во крвта.
Во попладневните часови, старите лица од ПСУЗ Геронтос М- Дом за стари лица “Св.Пантелејмон Скопје”, со персоналот се дружеа и на предновогодишен концерт во Дом на АРМ, Скопје, на јубилеен концерт на ансамблот за народни песни и ора ” Вања Лазарова “.

Во Македонија се задоволени само околу 0,4 % од потребните 4 % (од број на население) капацитети во легла и персонал потребни за згрижување на старите лица и лица со деменција.