Премиера на “ЕНЦИ – МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ “на Трајче Кацаров во Штип

18010212_10209827954755352_6255055751837968338_n

На 22.12.2017 година во НУЦК „Ацо Шопов“ на  „Сцена 100“ , во 20.30 часот, ќе биде премиерата на авторскиот проект на Трајче Кацаров , “ЕНЦИ – МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ”.

Во претставата настапуваат

 АНА МАРКОВСКА, ТАЊА МИТЕВА, РОСАНА БАДЕВА, КРИСТИНА ЛАЗОВА, СОЊА ПИЛАТОВА, БОРЧЕ МАНЕВ, СТЕФАН МИХОВ, ЈАКОВ ТРАЈАНОВ И ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ.

КОРЕОГРАФИЈА: БЛАГОЈ ЏОЏЕВ

МУЗИКА И МУЗИЧКА ИЛУСТРАЦИЈА: ЕФТИМИЈА ЈОВАНОВА

 

ЕНЦИ-МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИЕ ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ВО КОИ ДОМИНИРА, ИЛИ МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ФАБУЛАТА Е ЦЕЛОСНО ПОДВЕДЕНА НА ЛИРСКИОТ ЕЛЕМЕНТ. ТОКМУ ТИЕ, РИТМИЧКИ ИЗДРЖАНИТЕ ПЕСНИ, ВО КОИ РИМАТА ЈА ДАВА ПОТРЕБНАТА ЗВУЧНОСТ НА СТИХОВИТЕ ГО ГРАДАТ СЦЕНСКИОТ АГОН.

 ПРИКАЗНАТА Е РАЗБИРЛИВА ЗАШТО ВО ДРАМСКАТА СТРУКТУРА СЕ ЗАСТАПЕНИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ ШТО ЈА ЧИНАТ ЦВРСТА.

ГЛАВНИОТ ЛИК СТИЛО, Е ВО ГОДИНИТЕ ВО КОИ МЕМОРИЈАТА ГО ВРАЌА ВО ДЕТСТВОТО, ВО ВРЕМЕТО КОГА ГО ДОЖИВУВА ЗАДОВОЛСТВОТО ОД ЗВУКОТ НА УЧИЛИШНОТО ЅВОНО, ДРУГАРСТВОТО, ПРВИТЕ УСПЕСИ И ПОРАЗИ НА ЉУБОВЕН ПЛАН.

СЕЌАВАЈЌИ СЕ НА СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СТИЛО СОЗДАВА КРОКИ ПОРТРЕТИ КОИ  ПОЧНУВААТ ОД ПРЕКАРИТЕ НА ОДДЕЛЕНЦИТЕ ДОБИЕНИ НА ОСНОВ ИЗГЛЕДОТ, КАРАКТЕРОТ, ЖЕЛБИТЕ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ, ЛИДЕРСТВО И СЛИЧНО, А ЗАВРШУВААТ СО СКРИЕНИТЕ СИМПАТИИ КОН ОНИЕ ОД СПРОТИВНИОТ ПОЛ.

ЗА ЕНЦИ-МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ, МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА Е ПРЕТСТАВА ЗА СЕКОЈ И ЗА СЕКАДЕ, ОДНОСНО ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ОНИЕ КОИ ШТОТУКУ ЗАЧЕКОРИЛЕ ПОМЕЃУ ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ ПА ДО ОНИЕ КОИ СО УЧИЛИШНИТЕ ТЕМИ И ДИЛЕМИ СЕ СООЧУВАЛЕ ПРЕД ПОЛОВИНА ВЕК И ПОВЕЌЕ.