Ние сме медиумите – мултимедијален настан на Цивил Центар за слобода

slobodni-izbori-1

Вчера на 18 декември 2017 година, од 13-15 часот во просториите на Клуб на новинари , Скопје се оддржа мултимедијалниот настан на ЦИВИЛ „Ние сме медиумите“ на кој се  промовира публикација посветена на граѓанското новинарство .

Како што ќе напишат  од Цивил Центар за слобода на нивната фејсбук страница i civilmedia.mk:

“Публикацијата е дел од проектот Граѓански објектив посветен на граѓанките и граѓаните во потрага по фактите, нецензурирани од политичките и финансиските центри на моќта. Преку граѓанските новинарки и новинари овој проект веќе трета година успешно придонесува кон транспарентни и одговорни политички процеси.

Публикацијата „Ние сме медиумите“ содржи преглед на сите искуства, извештаи за автори, чии објавени трудови на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа извршиле промени во општеството изминатата година. Публикацијата е објавена на македонски, албански и англиски јазик.”

Пoвеќе прочитајте на

https://civilmedia.mk/ni-sm-mdiumit/

civilmedia.mk