Текстилна работничка: Моите деца не ги виделе ни Охрид, ни Дојран!

5279093949_25de4825b4_b

преземено од civilmedia.mk

Од архивата на ЦИВИЛ, 23/05/2017…

Текстилна работничка од Источна Македонија, со 19-годишно работно искуство, самохрана мајка на две веќе полнолетни деца, пред камерите на ЦИВИЛ Медиа, ја раскажува својата животна приказна и голготата на текстилните работнички.

Јас имам работено 19 години во конфекција, од кои само 13 се платени со пензиско и инвалидско осигурување. За сите овие години работа, сум се соочила со многу неправилности при работата, како нарушување на основните работнички права, па дури и човекови права, дискриминација, мобинг на работно место. За жал, надлежните органи и институции се неми на нашите поплаки, па дури и кога ќе се пожалиме до Трудовиот инспекторат или до другите надлежни органи, задолжително сме пријавувани кај газдите дека сме пријавиле некоја нерегуларност, по што следува бркање од работа!“, вели нашата соговорничка, која сакаше да остане анонимна.

Таа раскажува дека условите за работа во конфекциите во Источна Македонија се мизерни, без соодветно затоплување зимно време, без соодветна климатизација на лето, без услови за нормален појадок, со енормни норми кои треба да се исполнат за минимална плата, со несоодветно платени прекувремени часови кои некогаш достигнуваат и до 60 часа неделно!

повеќе прочитајте и погледајте видео на

https://civilmedia.mk/tkstilna-rabotnitchka-moit-dza-n-gi-vidl-ni-ochrid-ni-doran-2/