Да не се лажеме, не излажавте! – пишува Дијана Тахири

-52-279x300

превземено од civilmedia.mk

Лето 2017, горештините почнаа паралелно со жешките обвиненија и барања за притвор  од Специјалното јавно обвинителство за долгогодишните криминалци кои владееjа со земјава и подземјето, на денот од истекувањето на рокот за поднесување обвиненија од СЈО. Долгоочекуван настан од целата македонска и меѓународна јавност, којшто се следеше со огромно внимание од сите нас. По спектаклот од прес-конференцијата на СЈО, граѓаните со различни толкувања и впечатоци, величења и потсмевања, верба за конечна правдина, и голем степен на скепса. Обвиненијата паднаа, барањата се доставија, Кривичниот суд си ја „тера’ работата како жена што е поканета на некоја свадба, а не ѝ се оди, ама мора да оди, и ќе измисли куп причини за неодење, и пречки за одење. Очекувано.

Во меѓувреме, господинот Груевски, во својот последен говор по обвиненијата, меѓу другото, ги нарече граѓаните што протестираа против неговиот режим – уличари. И, граѓаните се навредија. Толку многу се навредија што решија да го тужат. Меѓу граѓаните што господинот Груевски ги нарече уличари, спаѓам и јас, и моето семејство. Уличаревме добри две години, заедно со другите уличари, според Груевски, но, за чудо, не се почувствував нималку навредена. Господинот Груевски со самото свое  долгогодишно постоење на политичката сцена, е навреда за сите нас. Таквото негово постоење му го овозможи поранешната опозиција, а сега власт. Таквото негово постоење, по завчерашниот прес, му го овозможи и нашето скапоцено, сакано и милувано СЈО, со одолговлекувањето на поднесувањето на кривични постапки…

повеќе прочитајте на

https://civilmedia.mk/da-n-s-lazhm-n-izlazhavt/