Сите аларми на ЦИВИЛ

elections-corruption

превземено од civilmedia.mk

Пишува Маја Ивановска

Изминатите локални избори се само доказ за предупредувањата и повиците на ЦИВИЛ – Центар за слобода. И овие избори поминаа во знакот на огромни потфрлувања на изборната администрација, започнувајќи од највисоката институција – Државната изборна комисија и завршувајќи со општинските изборни комисии и избирачките одбори.

Од она што го видовме во изминатиот период, Државната изборна комисија повторно ги спроведе изборите со старите проблеми, иако во предизбориниот период, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, не убедуваше дека Државната изборна комисија е максимално подготвена за локалните избори.

Хаосот со избирачкиот список продолжи и на овие избори. На околу 150 гласачи не им беше обезбедено правото на глас на денот на изборите, само од тоа што ЦИВИЛ го регистрираше, а ДИК не успеа да им излезе во пресрет на барањата на граѓанките и граѓаните.

Наспроти овие 150 гласачи кои на изминатите локални избори не го остварија своето фундаментално право, фантомите повторно се најдоа на избирачкиот список. Граѓаните се најдова во позиција на пинг-понг топче меѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи.

повеќе прочитајте на

https://civilmedia.mk/sit-alarmi-na-zivil/