Да му дадеме шанса на Мирот , да ја прославиме Нобеловата награда за Мир(и во Македонија) на ICAN

24774811_1358439577618512_5490486338316963696_n

Зошто?

Во недела,на 10 декември, од 12-14 часот во Јавна соба,во Скопје, по повод доделувањето на Нобеловата награда за мир на ICAN чиј член и поддржувач од самиот нејзин почеток е и Новинари за човекови права (Македонија), ќе има пренос од доделувањето на наградата, чашка муабет и сликање за одбележување на последниот ден на кампањата за родово базирано насилство.

Како што ќе напишат Jоurnalists for human rights – JHR, Новинари за човекови права на фејсбук настанот:


“Доколку сте дел од тие што сакаат да му дадат шанса на мирот во светот и ги поддржувате нашите заложби за целосна забрана на нуклеарното оружје и доколку верувате дека НА ВИСТИНСКИОТ МАЖ НЕ МУ ТРЕБА ОРУЖЈЕ, тогаш ве очекуваме на забава во Јавна соба…”

https://www.facebook.com/events/389515528172129/