Хипокризија или (застанете малку!)…?

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Пишува Оливера Доцевска

Денес , додека мирно одмарав, по напорниот работен ден  и со пола око ги гледав вестите на Телма, некој од дома присутните ми сврте внимание на тоа дека се прави нова математиката Зијадин Села да стане Вицепремиер, додека на седиштето на неговата партија го нема знамето на Република Македонија, дека таквиот однос и на Зијадин Села и на новата Влада е благо речено – недоличен. Лично,  го видов прилогот кој одеше во позадина.

Ги прашувам јавно, Зијадин Села и Владата, в.в. со овој настан:

Како тоа, Зијадин Села прифаќа да биде Вицепремиер на Република Македонија, а пред партиското седиште има четири знамиња,( на Албанија, ЕУ, САД и партиско)
но знаме на Република Македонија, НЕ ?
Дали тоа значи дека Села и неговата партија да користат привилегии може, да бараат почит, права и ф-ии може, но да почитуваат држава Република Македонија , државни симболи и Македонците, па и другите етникуми или различности, кои овие симболи ги почитуваат, не?
Дали тоа значи дека во оваа држава нема граници за некои, а за други ги има на секој чекор?

Прашувам исто така, дали сметаат дека заслужуваат било какви позиции и дека треба да бидат именувани, со ваков однос, да ги претставуваат граѓаните/ките на Република Македонија?
Прашувам, ете, човечки, дали луѓе кои не го почитуваат другиот до себе и државата во која живеат заслужуваат позиции државни, јавни , како и овластувања?
Ги прашувам исто и Македонците и другите по етникум( да не набројувам, и од тоа преку глава!)
Прашувам, до кога сите ќе провоцираат, ќе шират омраза и нетрпеливост, односно ќе прават многу паметни , а сите ние други демек сме наивни и ќе трпиме се што ни се сервира?Мислите ли дека таквата положба на овој народ и неговот молчење ќе трае вечно?
Прашувам до кога, сите, како ќе се дограбат до позиции, ќе владеат на начин спротивен на Уставот на Република Македонија и одредбите за дејствувањето на политичките партии и со игнорирање на емоциите, потребите и ставовите на народот?Сите политички партии до една?
Потсетувам, не заборавајте, ние сите сме Македонци по државјанство и оваа држава Република Македонија , иако е национална држава на Македонците , е наша заедничка татковина, па Ве провоцирам Вас гореспоменатите – почитувајте ја, како и луѓето во неа.

Конечно, се работи во случајот за хипокризија или …?

И ќе помине ли еден, еден единствен ден, да одмориме без вознемирувања?

Застанете малку, мислите ли Вие дека сте тука да го потрошите целото време на еден народ?(по филм)