„Новогодишни детски песни“ – нова книга на Марина Мијаковска

24139016_10212275861864158_28492982_o

„Новогодишни детски песни“ (2017) е најновата книга на писателката Марина Мијаковска. Тоа е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација.

Во „Новогодишни детски песни“ има четириесет песни за деца од различни возрасти. Стихозбирката ги воспева: новогодишниот амбиент и веселите празнични бои во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент, итн.

Книгата е повеќенаменска, интерактивна, и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.

 Во прилог две песнички за Ваше убаво предновогодишно расположение:

 

СНЕГУЛКИ

 

Од прегратките на небото паѓаме, паѓаме!

Секогаш кога температурата оди во минус

на зима на земјата доаѓаме!

 

Понекогаш се закачуваме на долгите коси.

Некогаш ветрецот

во непознат правец нѐ носи.

 

 

СНЕШКО

 

Кога снегот паѓа

во нашиот двор секоја зима

дедо Снешко со лизгалките доаѓа.

 

Ветрецот снегулките

во непознат правец ги вее!

Петра пред врата пречекува гости!

Снешко слатко им се смее!

 

 

 

Марина Мијаковска

29/11/2017, Скопје