“ЕМИГРАНТКА” – Промоција на нова книга на Ирена Павлова Де ОДОРИКО

korica.jpg-1.-page-001

Деновиве, од печат, излезе најновата прозна книга на нашата реномирана писателка Ирена Павлова Де Одорико. Издавачот на ова остварување, е ’’Феникс од Скопје.

Промоцијата на книгата Емигрантка, на Ирена Павлова де Одорико, ќе биде на 8- ми декември, на Мала сцена при Кoнресниот центар ,,Александар Македонски”- Скопје, во копродукција со независниот Театар 007. 

За нејзиниот роман, говорат Милован Стефановски, Звездан Георгиевски и Ѓорги Митровски.

Станува збор за психобиографски профил на емигрантството, со илустрации на самата авторка.

Ирена Павлова Де Одорико е родена од Велес. Поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, преведувачка и есеистка.

Авторка е на книгите’’Велзевул’’, “Номад”, “Новата Ева”, “Деколте длабоко”, “Потстанарка”, “Од другата страна на животот”, “Новиот човек”, Антологија на заборавените македонски поетеси”, “Пенелопа.нет”, ’’Пенелопа во Венеција’’, објавена во 2016 година.