Време е Денес

12222935565_1a07f0e7f8_b

Пишува Оливера Доцевска

 

Денес, по 26 години самостојност и независност, во Македонија, човековите права и слободи, правдата и демократијата се сведени на минимум, а македонското општеството е целосно сегрегирано (заради небрежното и несовесно владеење на политичките елити и масовното попуштање на граѓаните/ките пред силата на стравот и моќта).

Денес, не утре, токму затоа, е време да почнеме да говориме за Македонија, да ја повикуваме Македонија наместо процентуални етникуми, време е да дадеме простор на силни , праведни и чесни индивидуи кои општеството ќе го предводат по пат на еволуција и развој, да престанеме да мислиме на проценти и сегрегација, а да мислиме на она кое прави да бидеме заедно , на она кое не обединува.

Време е за пристап на вреднување на другиот до нас, без оглед на потеклото, бојата на кожата, родот или друга слична сегрегативна политика, зарaди тоа што е , неговите квалитети, не неговата моќ или позиција.

Време е, затоа што човековите права не се сегрегација, човековите права се само почит кон различноста и уважување на правата на другиот.


Време е да почнеме да го вреднуваме самоопределувањето на секој еден, да го вреднуваме Човекот заради тоа што е, но и да ја вреднуваме моќта на заедништвото.


Само тој пат од Македониjа ќе направи еманципирана држава, а не протекторат и правно неспособен субјект.