“ENCHANTÉ ” Изложба на Мирослав Масин во Словенија

23559674_1962311057314667_1639922701899825641_n

11180298_102231946779712_3832302201485974391_n

Од 19-ти ноември до 3-ти декември 2017 , во галерија Кос во Љубљана, ќе биде поставена изложбата на Мирослав Масин “ENCHANTÉ ” .

„Ашанте“ преставува сублимат на неговите поранешни циклуси.

Мирослав Масин е роден во 1963 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година и е член на Македонското здружение на ликовни уметници (ДЛУМ). Во перидот од 2000 и 2001 година  е Претседател на Здружението ДЛУМ. Остварува студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка.Има реализирано преку 40 самостојни и околу 200 групни изложби во Македонија, Југославија,Австрија, Данска, Франција, Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Америка.

За читателите на будност даваме линк од негово интервју за будност.мк во март 2015 година:

http://www.budnost.mk/blog/2015/03/09/%d0%b0%d0%bd%d1%88%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%bb%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b5-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b5/

“Која е Вашата девиза на живеење и што би порачале на читателите на будност.мк?

Она што е слоганот на мојата монографија  – Подобро е да се биде на гранка, отколку заглавен во лифт.

За читателите на будност.мк – Сонувајте, што повеќе , сонувајте…”