Златното време на ПОЕТЕСАТА /кралица Елизабета Прва од Англија (Video et taceo)

Elizabeth_I_(Armada_Portrait)

Elizabeth_I_when_a_Princess

Елизабета I (англиски: Elizabeth I; 7 септември 153324 март 1603) — кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558 г., па сè до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Кралицата-девица или Добрата кралица Бес. Кралицата Елизабета била петтиот и последен монарх од династијата Тјудори (претходните четири биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I, попозната како Мери Тјудор или Крвавата Мери).

Владеела околу 45 г., период што бил обележан со зголемување на англиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и со големи религиозни нереди што беснееле внатре во Англија.

Владеењето на Елизабета е познато како Елизабетанско време или Златното време на кралицата Елизабета.

Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон живееле и твореле за време на оваа ера; Франсис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Франсис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а англиското колонизирање на Северна Америка започнало благодарение на сер Волтер Рајли и сер Хамфри Гилберт.

Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и молчам“). Оваа нејзина стратегија, која честопати наидувала на нетрпение од нејзините советници, ја спасила од несоодветни политички и брачни односи.

Исто како нејзиниот татко Хенри VIII, и Елизабета била писател и поет. Врачила кралски повластици на неколку значајни организации, меѓу кои Колеџот на Тројството во Даблин во 1592 г. и Источноиндиската компанија во 1600 г.

Во нејзиното 45-годишно владеење, доделила само девет благороднички достоинства една ерловска и седум баронски во рамките на кралството Англија и едно баронство во рамките на Ирска. Го намалила бројот на советници во нејзиниот Таен Совет од триесет девет на деветнаесет, а подоцна на четиринаесет.

превземено од

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%B0_I

Елизабета прва ќе остане запаметена по многу нешта, но најмногу по нејзиниот бестрашен говор и себежртвување , во Тилбери на 9 август 1588 година  до копнените сили,   во подготовка за одбрана од очекуваната инвазија на шпанската армада.

“Мој сакан народе,

… Ве уверувам дека не сакам да живеам без довербата на моите верни и сакани луѓе. Нека тираните стравуваат.!
Секогаш така се однесував кон себеси, што под Бога ја поставив својата најголема сила и заштита во верните срца и добрата волја на мојот народ;

И затоа дојдов меѓу вас, како што гледате, во ова време, не за моја рекреација или неприфаќање, туку одлучна, во средината и топлината на битката, да живеам или да умрам заедно со Вас; да легнам за мојот Бог и за моето царство и за мојот народ, за мојата чест и за мојата крв, дури и за прашината.

Знам дека имаm телото на слаба, изнемоштена жена; но имам срце и стомак на крал и на крал на Англија, и мислам дека Парма или Шпанија, или било кој принц од Европа, не би требало да се осмелат да ги нападнат границите на моето царство; јас ќе заземам оружје,и ќе бидам генерал, судија и наградувач за секоја од ваште добродетели во полето …” (превод Оливера Доцевска)

превземено од https://en.wikipedia.org/wiki/Speech_to_the_Troops_at_Tilbury