Ајне клајне сексфантазие!-пишува Диана Тахири

16113979_1223146184430251_4630139102562299113_n

превземено од civilmedia.mk

Постои еден „мит“ во македонското општество, за жените и мажите Албанки и Албанци, кој се состои од мешавина на љубопитство од егзотична точка на гледање и доживување на горенаведните примероци, и љубопитство во смисла на примарен животински инстинкт, и којшто „мит“ се одржува во живот со секое „новојавление“ на одредени примероци од оваа етничка припадност.

Не дека овој „мит“ умира па оживува, од време -навреме, само што му треба одреден тригер од одделни јавни личности, за повремено да се докаже дека долгогодишната – понекогаш притаена и најчесто многу јасно и експлицитно искажана заинтересираност од најнизок вид на јавна мастурбација врз – во случајов – жена Албанка. Секако, ниту мажите од истото етничко потекло не се „поштедени“ од слични „општења“ по нивнот надворешен изглед, за којшто „феномен“ и егзотика ќе појаснам подоцна.

Кога еден, за поголемиот дел од општеството – „врвен“ аналитичар, новинар и колумнист, јавно искажува неконтролирана желба да стиска една жена, јавна личност, во некој полузатемнет диско клуб, воден и заведен од самата помисла дека една млада жена, егзотична со самата нејзина појава и уште повеќе, од нејзиното етничко потекло, можеби вистински би му ги покренала телесните течности и дека можеби ќе и објави војна на гравитацијата што неминовно доаѓа со годините, дури и само со „ајне клајне нахтфантасие“ (без музика, доволно е и лајт -шоу во диско-клубот), за да се врати во младешкото доживување на некој заборавен силен удар од женски вид, ќе кажам само дека сепак, некаде длабоко во мојата потсвест на жена на којашто ѝсе многу познати вакви изливи на машки „страстни нежности“ од трет вид, можеби и би му простила за јавно искажаниот простотилак. Барем си кажува што му лежи на срце, и малку подолу. Со него си на чисто…

повеќе прочитајте на

http://civilmedia.mk/an-klan-sksfantazi/