Зеид Раад Ал Хусеин – Принцот на Светлината

28389235951_f368cf86dc_b

25209387603_75ecd795a8_b (2)

Пишува Оливера Доцевска

Зеид Раад Ал Хусеин, малку познат за нашата јавност, е една од најинтригантните фигури кои Светот ги изроди и кои на некој начин го осветлуваат 21 –от век.

Неговиот длабок збор остава трага, се чини го мисли и чувствува она кое го зборува,  пред Советот за безбедност на Обединетите нации, на предавањата кои ги држи насекаде низ  Светот , како и секојдневните изјави како Висок и актуелен комесар за човекови права на Обединетите нации.

Неговата неверојатна загриженост за правецот во кој се движи Светот, која постојана ја потенцира во секоја прилика , како и непочитта од државите, Владите и властите на Светот  за принципите за човекови права и меѓународно право за човекови права, можноста од потенцијална нова светска војна , можеби токму на Балканот и повторување на ужасите на историјата заради која беа формирани Обединетите нации, го отсликуваат холограмот на неговата духовна и интелектуална загриженост.

Може слободно да се рече, дека во поново време конечно се родил човек на планетата Земја, на така висока позиција и авторитет, кој со интезитет ја чувствува длабоката потреба од почитување на меѓународното право за човекови права,човековото достоинство и живот и потребата од  конвенциите, принципите и механизмите и последиците од нивното непочитување, како Зеид Раад Ал Хусеин.

Како што самиот ќе изјави во една прилика,   меѓународното право за човекови права не е родено како производ на бирократија и досада , но заради длабоката потреба на човештвото да не се повторат ужасите на 2-та Светска војна.

Во своето излагање – Невозможна дипломатија за човекови права- , од 16 февруари 2017 година, на Универзитетот Џорџтаун по повод примањето на наградата Тренер за извонредност во спроведувањето на дипломатијата

Зеид Раад Ал Хуссеин ќе рече:

“Можеме ли да бидеме толку непромислени, толку глупави, за да ја ризикуваме иднината на човештвото, едноставно заради гласачките ливчиња?
Зар не се враќаме во Сараево?
Во Сараево од 1914 година, кога запалливите конкурентни нации на етнички национализми ги поткопаа балансите на моќта и секое чувство за компромис, до точка кога релативно нејасни настани на маргините на европската политика предизвикаа глобална катастрофа.

Или можеби во Сараево од 1990-тите, и војната на која бев изложен кога служев во поранешна Југославија. Сите поплаки, лаги кои ги искривуваа, горливите етнички национализми што повторно ги запалија – а потоа и воената агресија, смртта и уништувањето. Откривајќи ја пред сè слабоста на европската цивилизација, и нејзината кревкост или пункција од најѕверско однесување.

Во Босна и Херцеговина, сфативме дека ова може да се случи во Европа во 1990-тите, сепак, со оглед на вистинските стимули, може да се случи насекаде. Но, и овие понови лекции, се чини дека ги заборавивме.

Патогенот на поделба и на популизам го зарази дел од светот толку брзо, што најголем дел од  она за што работиме сега се чини дека е загрозено. Во такви околности – кога длабоката, долготрајната работа на превенција и инвестирање во заедничка иднина, ризикуваат да бидат отстранети – што може да се надева дипломатијата за човекови права да се постигне? Дали ова неверојатно сложена работа ќе стане залудна?

Ние треба – сите ние – да го браниме меѓународното право – меѓународниот закон за бегалци, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, меѓународното кривично право. Затоа што тие – и институциите што ги поддржуваат – се многу чиста дестилација и збир на човечкото искуство. Тие не се, како што некои би верувале, исходот од повоената бирократска дообразба. Тие беа вткаени  од врисоците на милионите кои починале насилно или страдале многу векови. Ние многу добро знаеме што ќе се случи, ако тие се напуштат.”

 На 19.10.2017 година, на предавање на Институтот Јакоб Блаустеин во Њујорк, ќе рече:

“ Што се случува со нас? Кога човековите права треба да се бранат насекаде, се повеќе. Кога нашиот бес не стивнува, а нашата загриженост во врска со прекршувањата само се зголемуваат, наместо да ги снема, дури и во земјите кои се просперитетни и стабилни. Како детето лесно ќе може да ја разбере критичната потреба да ги почитува човековите права – идејата за правичност – кога  нивното значење го дерогираат толку многу влади? “

“Човечкото искуство е едноставно неподносливо во овој момент. Кога една држава ќе стане шуплива за почитување на принципи – на пример, обврските за човекови права кон сопствениот народ, или дури и во начинот на кој ги третира правата на другите некаде на друго место, не ги предизвикува ли оние кои ја чувствуваат неправдата?”
“Но, одново и одново, негирањето на размислувањата на човековите права од страна на националните лидери, дипломатите и меѓународните актери, исто така, на подолг рок се докажа дека е апсолутно катастрофално во смисла на спречување на тероризам, конфликт и насилство. А сепак тоа се случува.”

Кој е Зеид Раад Ал Хусеин?

Принцот на Јордан, наследникот и крал на тронот на Ирак и од 2014 година актуелен Висок комесар за човекови права на Обединетите нации, е роден на 26 Јануари 1963 година, во Аман, Јордан.

Син е на принцот Раад бин Зеид, Лорд Чемберлен од Јордан, и неговата сопруга Маргарет Инга Елизабет Линд, позната како Мајда Раад(по потекло од Шведска, родена Margaretha Inga Elisabeth Lind), и  прв во линијата на престолот на Кралството Ирак ,  со титулата “Crown Princ” и припаѓа на династијата Хашемити.

Внук е на познатата турска сликарка од благородничко потекло Fahrelnissa Zeid (арапски: الأميرة فخر النساء زيد) или Фахр-Ел-Ниса (7 јануари 1901 – 5 септември 1991) најпозната по своите апстрактни слики од големи размери, која се мажи за принцот Зеид Ал Хусеин од Ирак во 1935.

Зеид Раад Ал Хуссеин се образува во Reed’s School, Surrey, во Англија ,потоа на  Johns Hopkins University во САД, каде беше виден член на универзитетскиот рагби клуб и дипломира во 1987 година. Потоа се усовршува на  Christ’s College, Cambridge, каде се стекнува со докторат ( PhD) во 1993.

Дипломат од кариера, Зеид играше централна улога во формирањето на Меѓународниот кривичен суд и беше избран за прв претседател на Собранието на држави-страни на Меѓународниот кривичен суд во септември 2002 година. Исто така, тој служеше како офицер за политички прашања во УНПРОФОР, во поранешна Југославија, од 1994 до 1996 година, во Босна и Херцеговина , во Сараево.

Работеше како постојан претставник на Јордан во Обединетите нации од 2000 до 2007 година, кога е назначен за амбасадор на Јордан во САД и нерезидентен-амбасадор во Мексико. Тој беше ре-назначен за постојан претставник во 2010 година и служеше до 2014 година, кога поднесе оставка непосредно пред неговиот избор како Висок комесар. [2]

Јустиција и будност.мк му ја изразуваат својата почит и целосна поддршка со наклон.

користени извори:

https://www.google.com/

http://www.ohchr.org/EN/pages/home.aspx

https://en.wikipedia.org/wiki/Prince_Zeid_bin_Ra%27ad