Конференција „Моделот на превентивно тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?

22228487_10214790404582131_4900185185249285888_n

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспарентност Македонија (ТМ), денес , на 9 октомври 2017 година во х. Холидеј Ин Скопје,се одржа  конференцијата „Моделот на превентивно тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени? “.Целта на конференцијата беше да се отвори дискусија за досегашното функционирање на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во спроведувањето на антикорупциските политики и борбата против корупцијата и потребата од измени на моделот на ДКСК како превентивно антикорупциско тело.
Клучен говорник на конференцијата беше Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија. МЦМС  ги претстави и резултатите од следењето на работата на ДКСК во периодот од јануари до јуни 2017 г.

Транспарентност Македонија ја претстави анализата на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судирот на интереси и препораки за подобрување на институционалната и правна рамка, подготвена од Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК.

На конференцијата свое видување за подобрување на постоечкиот антикорупциски модел дадоа претставници од ДКСК, Министерството за правда, Собранието и поранешни членови на ДКСК,како и претставници на граѓански организации меѓу кои и Јустиција.

Оливера Доцевска од Јустиција укажа на проблемот на апстракност на поимот корупција на национално и меѓународно ниво, без кривично дело со наслов корупција, политичка корупција или корупција на правосудни органи и потребата од ригорозни казни за актуелните коруптивни дела,20 години до доживотна робија, што самото по себе би довело до намалување на корупцијата и функционалност на Државната комисија за спречување на корупција.

Конференцијата ја отвори Александар Кржаловски од МЦМС и Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија.За предизвиците во превенција на корупција дискутираа Вања Михајлова(поранешен член на ДКСК) и Марија Саздовски од МЦМС,а свои излагања за моделите за антикорупцско тело  и неопходните подобрувања на институционалната и правната рамка имаа Хари Локвенец, Игор Тантуровски (актуелен Претседател на ДКСП) и Драган Малновски., поранешен член на ДКСК, Слаѓана Тасева, Суад Мисини и други.
Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)“, што го спроведува МЦМС, а кој е поддржан од Британската амбасада Скопје и проектот „Подобрување на антикорупциските практики”, што го спроведува ТМ, финансиран од Европската Унија, ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2014.