Новинари кои пишуваат за невидливите – Проект на Македонската платформа против сиромаштија

22228648_1554207721354141_361128972917516388_n

Во рамки на проектот за Новинари кои пишуваат за невидливите,  на 5 и 6 октомври во Скопје,  се одржа заедничка работилница на Македонската платформа против сиромаштија со претставници на мрежите против сиромаштија од Австрија, Германија, Хрватска, Романија, Унгарија и Србија.

Секој учесник подготви визуелна презентација за своите планирани активности, краток извештај за веќе спроведените активности, предизвиците со кои се соочуваат и примери за медиа ситуацијата во нивната земја.