Децата да не се злоупотребуваат во партиско – политички цели! 05/10/17

baramovska-mustafa-1

превземено од civilmedia.mk

„Со загриженост констатираме дека и покрај нашите апели до сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од инволвирање на децата во кампањите, сепак, има случаи на злоупотреба на децата за партиско –политички цели“, изјави заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, коментирајќи ги за ЦИВИЛ Медиа, последните случувања со злоупотреби на децата во кампањата за локалните избори.

„Разочарува фактот и од она што го гледаме во медиумите: и родителите како да се гордеат, излегувајќи заедно со своите деца, без оглед на нивната возраст, на митинзите и средбите со претставниците-кандидати за градоначалници. Оттука, како орган надлежен за заштита на правата на децата, ги повикуваме и родителите и политичките партии и другите учесници, да се воздржат, да не дозволат да се вклучат децата во кампањата, односно, децата да не се користат во политички спотови, билборди или на митинзите, како учесници во изборниот процес“, категорична е Бајрамовска Мустафа.

повеќе прочитајте на http://civilmedia.mk/dzata-da-n-s-zloupotrbuvaat-vo-partisko-polititchki-zli/