Марина Мијаковска, Елена Пренџова и Калош Челику на 10-то издание на “Трирема на јонска поезија” во Албанија

18893074_10210817086435684_125874820665314382_n

22054347_10211808650504166_1492354549_n

На крајот од септември, поточно од 29-ти септември до 1-ви октомври 2017 година, во Саранда, Албанија ќе се одржи единаестото издание на најголемиот интернационален поетски фестивал во Албанија.

Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“ и на меѓународно признаените поети Дашамир Мало , Агим Мато и Пајтим Чауши.

Ова година Македонија ќе ја претставува поетесата Марина Мијаковска, Елена Пренџова и Калош Челику.

На десеттото издание на фестивалот The Trireme of the Ionian Poetry ќе настапат осумдесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата Trirema e Poezisë Joniane, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.

Нашите автори ќе бидат застапени со по три творби , Марина МИјаковска со песни од стихозбирката „Постела на тишината“, а за оваа книга Мијаковска ја доби наградата „Бели мугри“ за 2015 година.

На изминатте изданија на фестивалот од Македонија низ годините се претставија повеќе поети како Елена Пренџова, Митко Гогов, Нехас Сопај, Оливера Доцевска, Калош Челику.