Заев, Бред Пит, Воена машина (или филмот кој сите треба да го гледаме)

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Поттикната од колумна на Орданоски, а со почит кон своето ветување дека нема да полемизирам ниту да објавувам постови со ставови и мислења на фејсбук, утрово ја пишувам оваа приказна, став или слично,за будност.мк (не сум новинар, па не знам), за ракувањето на Заев со Трамп.

Се согласувам дека за да се ракуваш со Претседател на Соединетите американски држави(со оној истиот Трамп кој сега некои од кујната на политичките партии го претставуваат како господар над господарите, а пред да стане претседател ,истите тие го понижуваа, омаловажуваа и исмеваа до бескрај), временската машина, мозокот, ме врати во 2015 во Крушево на една обука за односи со јавност на која

обучувач беше еден сегашен советник на Заев .Обуката содржеше совети насочени кон несоодветноста во односите со јавноста во издржани критики и полемики да се повикуваме на поговорки, приказни и слично.

Нејсе , како што не сум послушна, а го прифаќам само позитивното, реалното, логичното и она кое е прифатливо за мене,па и од обуки, продолжив да ги користам во секојдневниот живот и јавните настапи.

Мудростите кои се провлекуваат низ генерации и усни преданија или пишани не се за потценување.

На пример,  сум филмоман и сакам филмови (штета што немам повеќе време за гледање на најновите остварувања). Од филмовите, приказните, поемите, расказите и слично, имам  извлечено доста поуки кои ги следам во животот, се рабира позитивни, или како што ќе рече (велат рекол) Ајнштајн, читајте им на вашите деца секој ден приказни за да станат интелигентни битија.

Веројатно благодарение и заради приказните и филмовите(сценаријата и приказните и покрај фантастични, сатирични, вакви или онакви наративи и елементи содржат животни лекции и вистини, што секој што чита книги го знае)неретко можам да препознаам и “ситуации” во политиката како оваа што неодамна се случи во ходниците на Обединетите нации пред почетокот на заседанието на Советот за безбедност.

За настанот, полемиките во јавноста одеа од критики, глорификации, до исмевања и на ракувањето и на фотографијата.

Сигурна сум дека ниту една средба со претседател на САД не е случајна и има подготовки и протокол претходно  колку и да изгледа наивно и случајно .

Но како што ќе напише Ахмед Рашид (Ahmed Rashid on BBC), случајно пронајдена статија на интернет – We all need to watch Brad Pitt’s film War Machine.-Сите ние треба да го погледнеме филмот на Бред Пит – Воена машина.

Интересен наслов.Зошто?

Во ова сатирично холивудско остварување, се портретира војната во Авганистан и генералот Глен МекМахон, испратен од Претседателот на САД за да победи во војната.

Чувството кое го имате во текот на целиот филм е од досада заради бирократија,неверување, до згрозување, токму онака како што изгледа една војна и политика.

Полн со самодоверба генералот , со својот тим (да, има и тим, па и лица за односи со јавност) пристигнува во Кабул за да победи во војната која претходниот генерал не успеал.

Умирајќи од досада, во една војна во која не се случува ништо, тој решава да освои досега неосвоена територија  и бара на сите можни начини од дипломатски до интриги и со стратегија  да му се одобрат од Претседателот уште 40.000 војници, ама Претседателот не сака да му даде.

Во желбата за слав, конечно ги активира медиумите во игра , за да дознае јавноста за неговата потреба од средба со Претседателот и обезбедување нови трупи за конечната битка за освојување на Авганистан односно ослободување на Авганистан.

На ваков начин го присилува преку јавноста да му ги одобри средба и 40.000 војници ,  но што се случува?

Кабинетот на Претседателот на САД му договара наводно официјална средба  но она што добива Генералот од ветената средба  е само поздравување на аеродромот во Париз каде на пропатување пред безброј медиуми Претседателот на САД се ракува со Генералот, со уште 2о—тина лица наредени во ист ред за сликање и поздравување.

Потоа Генералот го повлекуваат со сите почести од Авганистан и го снемува од јавниот живот, а го заменуваат со нов Генерал .

Филмот завршува на следен начин : друг Генерал, исто како и претходниот, полн со самодоверба патува за Авганистан спремен да ја добие војната и да го направи она во што претходниот не успеал.

Ди енде.