Враќање на слободата!

21617975_1419834434801688_8634498265024656842_n

https://www.facebook.com/civil.mk/

ЦИВИЛ во сабота и недела, 23 и 24 септември како дел од Враќање на слободата! (ReClaming Freedom) ќе одржи уметнички работилници во Градски парк, со почеток во 16 часот. Мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ, член и активист на ЦИВИЛ ќе овозможи простор за граѓанките и граѓаните, на креативен начин, да споделат пораки за слободата на изразување и човековите права. Со бои и зборови, посетителите ќе можат да ги нацртаат или да ги напишат своите визуелни или текстуални пораки и да проговорат гласно или во тишина за своите права и слободи.

Во вечерните часови, овие цртежи и пораки ќе бидат преместени во центарот на градот, каде што ќе бидат дел од амбиентот за забава на отворено до 23 часот.

Проговори! е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.

повеќе прочитајте на

https://www.facebook.com/events/306679303074341/