Прашање “Попис” – Петгодишна програма за статистички истражувања (2018 – 2022)

21558607_10214543333525509_1587458865061117053_n

Денес , на 11.09.2017 година, во Хотел Порта, Скопје, во организација и со поддршка на Државен завод за статистика, Македонска платформа против сиромаштија, Макстат и UNFPA се оддржа  работилница со претставници на граѓански организации и медиуми за соработка во периодот на новата Петгодишна програма за статистички истражувања (2018 – 2022) на Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика преку своите претставници ја презентира веб-страницата и можностите кои ги нуди за пребарување на податоци .Исто така се презентираа и законските основи и содржина на „Петгодишната програма за работа, 2018-2022, како и постоечките податоци поврзани со SDG, EU2020 и полови статистики.

Со претставниците на граѓанскиот сектор се отвори дискусија за подобрување на достапноста, прегледноста и размената на податоци и за идентификување на потребите и можностите за соработка меѓу граѓанските организации, медиумите и Државниот завод за статистика.

Од страна на претставникот на Јустиција, Оливера Доцевска, на присутните службеници и раководни лица на Државен завод за статистика, во врска и врз основа на нивната соработка со Обединетите нации, беше укажано дека Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права ги објави по разгледувањето на 3-от периодичен извештај на Државата на 58-та седница од јуни 2016, заклучните согледувања и препораки, а  за шест од препораките Комитетот апелираше на итно делување.

Една од тие шест препораки на Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права е итно одржување на пописот.

Доцевска укажа дека , ова препорака на речникот на меѓународно право за човекови права значи дека со неспроведување на пописот итно во текот на 2018 година или негово одложување до редовниот циклус во 2021 година државата, т.е. новата власт директно би ги повредила  економските, социјалните и културните права на граѓаните/ките на Република Македонија.

“Постои потреба итно да се укаже на Владата на Република Македонија на оваа препорака на Комитетот на ООН и должноста да се регира и да се превземат мерки во врска со неа, а дека итното одржување на пописот , не зависи од политичката воља на Владата , но е обврска согласно со Уставот на Република Македонија, чл.8 и 118,за придржување кон обврските превземени врз основа на меѓународното право за човекови права, па ве замолуваме тоа да го сторите како овластен државен орган и како една препорака на граѓанските организации од оваа работилница”-  потенцира Доцевска.