Конкурс за „Есенски креативен мозаик“ (книжевно-поетска работилница), Дом на култура Кочо Рацин, Скопје

images

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје

објавува

 

КОНКУРС за „Есенски креативен мозаик“ (книжевно-поетска работилница)

Место на одржување: Објект Дом на градежниците

Рок за пријавување: 29 септември 2017

 

            ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје под покровителство на Град Скопје објавува Конкурс за учесници на книжевно-поетска работилница. Целта на работилницата е развивање на креативното мислење и интелектуалното развивање на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување. Право на учество имаат лицата (до 35 години) кои ќе имаат можност да научат практично да ги пишуваат најрепрезентативните книжевни жанри од: поезија, проза и драма.

Модератор и организатор на работилницата: м-р Марина Мијаковска и д-р Славчо Ковилоски

За работилницата се предвидени четири термини (во сабота), во месец октомври 2017 година. Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, дебати и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите творби на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена промоција на истиот.

            Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: hristovskaj@yahoo.com