“Ајде заедно да ги истражиме ѕвездите и да ги покориме пустините…” – Симон Калајџиев

14021741_10210390317462963_661243240324700648_n

19437639_10213512625118703_2279038912629865810_n

Симон Ка­лај­џи­ев е млад автор,  кој дип­ло­ми­ра во 2009 го­ди­на на Фа­кул­те­тот за ли­ков­ни умет­но­сти во Скоп­је во кла­са­та на про­фе­со­рот Ру­бенс Ко­ру­бин.

Зад се­бе има пет са­мо­стој­ни из­лож­би, а учес­тву­вал и на два­на­е­сет груп­ни прет­ста­ву­ва­ња во зем­ја­ва и во странс­тво. Негова оми­ле­на те­ма  е ур­ба­ни­от пеј­заж, а па­ту­ва­ња­та му се па­си­ја.

Воодушевен од културата на  источните земји се одлучил своето образование да го продолжи на филолошкиот факултет, па иако зад себе веќе има диплома од Факултетот за ликовни уметности, се запишува на Филолошкиот факултет “ Блаже Конески” во Скопје и ги одбира јапонски, кинески и корејски јазик како изборни предмети.

Денес Симон живее во Јапонија, во Токио, а на неговиот фејсбук профил континуирано со голема пасија постира дигитални цртежи од кои застанува здивот, целосно футуристички, необични за нашата култура и средина и кои пренесуваат чувство на радост врз конзументот на уметноста.

И сликарството, како и поезијата има главно за задача да ги пренесе чувствата на авторот, и ми е мило што Ви пренесуваат чувства на радост- рече Симон Калајџиев на неговиот фејсбук профил.

Во прилог будност.мк ви презентира во галерија некои од неговите цртежи инспирирани од Токио.