Колумна за колумните и колумнистите – пишува Оливера Доцевска

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Со години во Република Македонија сме изложени на безмислосна пропаганда преку медиумите од сите можни режими и власти.Да сите беа режими. Ако, додека се опозиција говорат едно, истиот ден по добивање на власта нивната реторика се менува.Исполитизирани до последниот атом од сопствените идентитети, силум наметнато од суровите услови во кои живееме, три децении не можеме да се освестиме дека пропагандата е моќно средство за држење во покорност на масите и убедување во тоа “ние сме прекрасни”.

Системот на понудените политички опции е добро разработен и се потпира едниот на другиот, во облик на две косо потпрени бандери(оние кривите на ЕВН и распаднати по селата, но кои упорно стојат и одолеваат на притисокот на времето).Потпирањето еден врз друг на двата  навидум спротивставени политички блока(кои не би постоеле еден без друг) ја оддржува нивната рамнотежа, со сателитите од парти човек кои кружат и грицкаат од азното.

На врвот на прирамидата е којзнае кој и управува од сенка. Не видовме голема самостојност низ годиниве од политкратите, кои суверено владеат веднаш штом ќе го земат жезлото и трнот, без интерес за гласот на народот.Доказ за тоа се и последните 3-6-9 решенија на штотуку освоената власт и новата Влада која требаше да биде – демократска.

Дел од оваа пирамида на моќ и пропаганда се  и колумнистите кои  денес да, зборат едно, за три дена друго, без изграден личен став и интегритет ниту одговорност , (не мора пред јавноста) , пред себе си.
Имајќи ја предвид краткотрајната меморија која владее долготрајно во Македонија, колумните се супер дупер пропаганда.
Колку и да се јавно познати имињата на колумнистите и фаворизирани(признати?) се чита нивната купеност, партиска наклоност и сочувај боже , така се одбивни, здодевни и проѕирни, навистина и шупливи. Верувам и Вас, Ве навредува нивната склоност да мислат дека сме глупави.
Нивните колумни се во манирот на  -денес ќе ја нападнам партиската опција која ме плаќа(вака или онака) , ќе привлечам внимание и на тие кои не ме читаат, ама од утре ќе напишам десет во нивна корист, народот заборава, “све ќе то народ позлатити.”
Секоја чест на исклучоци кои сепак ги имаме…
Има во Македонија засега неколкумина колумнисти кои се за почит , а вредат во духот на демократијата, колку и да не се согласуваш со нив  редовно да ги читаш и поддржуваш.На прсти можат да се избројат.
Имаат свој став, неподложен на “куповина”, а колумните им се кардиограм, се чувствува вриежот на крвта.Тоа треба да биде една колумна, како и поезија. Вриеж и треперење во ритмот на крвта и притисокот, ендорфинот или андреналионот на  вените на пишувачот.
Во таа насока, неодамна се отвори страница на фејсбук “Колумни” која верувам/се надевам ќе послужи како одличен простор за изразување на општествената мисла и ќе отвори нови хоризонти.Ајде Колумнисти, протресете го нашиот свет. Нека стане свет во боја!
Им посакувам среќа и многу различни ставови, во духот на демократија, без краткотрајна меморија и со многу интегритет, срце и дух вложени во нивното пишување, да го протресато безбојното секојдневие и општествено политичката реалност на Македонија .