За монструозноста и гебелштината врз Македонците во Македонија и на меѓународно ниво- Оливера Доцевска

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Пишува Оливера Доцевска

Со години наназад сведоци сме како меѓународната заеница молчи и со молчење ги оправдува и поттикнува нeгирањата на идентитетот на еден цел народ , на македонското прашање, македонците како етникум и Македонија како држава,  а и домашната јавност, дури и граѓанскиот сектор притиснати од меѓународната заедница.

Никој не се осмелува да се зафати со ова прашање, да го земе бебето што плаче,сирачето,извалкано во кал, плашејќи се дека ќе ги извалка рацете .

Ако моќта се пари, а парите се моќ, скоро секој оправдано или неоправдано поради гол опстанок молчи, а ретките кои се дрзнуваат да проговорат се доведени на раб на опстанок.

Ова македонско идентитетско прашање заедно со Кипар и Тајван е можеби едно од најгорливите светски идентитетски прашања, а претставува целосна прохибиција за самоопределување како врвно право од  меѓународното право за човекови права, кој факт е зачудувачки со оглед што Обединетите нации се основани токму за да спречат повторување на она кое што се случи во Втората светска војна , односно идни  холокаусти и злосторства на верска , идентитетска т.е. расна основа. Без лажна понизност, можеме да говориме за холокауст на Македонците во 20-21 век , по 1990 година.

Спротивно на сите обиди за хуманизација на Светот, во 21 век, на Македонија и Македонците во 1995 година им беше укинат основниот идентитетски симбол шеснаесеткракото Сонце, грб со Лав, под влијание на една единствена држава со право на вето во Обединетите нации и и беше спречено влегување во Обединетите нации на Република Македонија под Уставното име врз основа на правото на самоопределување, иако меѓународната заедница требше да постапи целосно спротивно а Грција да биде санкционирана заради  нејзините постапки спротивни на меѓународното право за човекови права.

Може ли процедура и право на вето да биде посилна од членот над членовите, член 1 на  Меѓународен пакт за граѓански и политички права, Меѓународен пакт за економски социјални и културни права, како и Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација и Универзалната декларација за човекови права?

Обединетите нации и Европската унија се изнегираа себеси и своето постоење.

Без подлабоки познавања од историјата(како на пример провлекувањето на шеснаест кракото сонце и лавот и знамето со овие симболи низ сите востанија за ослободување на Македонија од античко време до денес, фрескописите на пример) е доволно како човек, битие да кажам дека сум Македонец, говорам македонски и ова држава е Република Македонија и она кое предците ми го пренесувале со поколенија.

Ваквата директна негација на меѓународно ниво повлече бројни последици, така што денес Македонија и Македонците како етникум се под прашање на опстанок како држава и идентитет, не само однадвор туку и одвнатре.”Македонското прашање” од 1913 година во меѓународната политика е симбол за поделба на етнички територии на население со право на  територија, и завземање од други држави, но заради сите еволуциони процеси, ајде ќе ги трнеме настрана тенденциите за обединување на територии распарчени во 1913 година исто од меѓународната заедница.

Неверојатно е и се граничи со фантастика и да се помисли дека некој се дрзнува и си зема за право да негира туѓ идентитет, јазик , постоење и држава , но факт е дека тоа се случува сега во 21 век, а во Македонија некои од најповиканите политички авотритети на внатрешно и меѓународно ниво, веќе трета деценија склучуваат договори или прават штетни постапки внатре во државата без да го заштитат идентитетот на Македонците како етникум.

Со целосна почит кон правата на малцинските заедници во Македонија,  (секако дека Македонија и Македонците како етникум имаат должност и обврска за целосна почит) , како тоа право и обврска не важи за Македонците како државотворен народ, кои можат и без идентитет, дома, меѓународно ,па и во соседните држави??? без право на реципроцитет во соседните држави и на меѓународно ниво?

Дали тоа е праведна политика и политика на почит и уважување на човекови права и слободи?
Сите малцински заедници во Македонија имаат свои национални држави, само на Македонците , Македонија им е единствена татковина.
Да,Македонија е држава и татковина  на рамноправни граѓани, ама и национална држава на македонскиот народ и тој факт секој треба да го признае и прифати се додека постојат национални држави како Англија, Франција, па и соседните Бугарија, Албанија , Грција, Србија и слично.

Не оправдувам категорично никакво негирање на правата на етничките малцинства ниту дискримминација на било кој по било која основа , па низ врз Македонците како етникум и ограничување на нивните права.


Ако Договорите се двострано обврзувачки акти, ако треба да ги штитат подеднакво сите страни, сите одредби кои се спротивни на обичајот, моралот и правото т.е.дерогираат човекови права се ништавни, како на пример одредбите со кои Македонија се откажува и не ги спомнува Македонците по потекло во Бугарија како и Грција и слично.

Формално правно, каков е тој Договор и Договори на Македонија со меѓународната заедница и ЕУ, каде се нема никаква почит и должност за уважување на правата на Македонија и Македонците? Договор склучен под сила, измама или закана или зблуда е ништавен.
Од друга страна , внатре во самата држава, целосно бизарно , морбидно и навор од разумот и од историјата, постојано се случува

 омаловажување на симболите на Македонците – Лавот и Сонцето од Вергина и тенденција на расизам- генерализација која ги поистоветува сите Македонци кои ги сакаат и почитуваат овие симболи со фашисти, груевисти и фашизам, со глупаци, заблудени, погрешно насочени и што уште не, а богами се дрзнуваат и да ги уназадуваат низ животот зошто биле” погрешно насочени”.

Секоја ваква генерализација е расизам и фашизам, а поистоветување е облик кој и реално ги присилува поради стигматизација Македонците по етникум да се автоцензурираат и да не ги користат , односно де факто на терен во сопствената национална држава доаѓа до геноцид и асимилација до обезличување на Македонците како етникум, да не говориме за бугарските пасоши кои поради изолацијата и политиката на меѓународното ниво, Македонија и Македонците, па и другите етникуми ги бугаризира , или ги затвори и ги осиромаши оставени на притисок и милост и немилост на тирани од сите страни и коруптивни владетели, нудејќи им како единствен спас откажување од идентитетот за прием во сите меѓунродни организации.??

Целосно треба да сме интегрирани на меѓународно ниво, но не на таков начин.Да се потсетиме дека додека народот молчи, и не се разбуди лесно може да заврши во туѓа држава под туѓа чизма.

Да потсетиме дека треба да сме заедно и сплотени и секоја малцинска заедница во Македонија исто треба да ги чува и штити правата на Македонците и на Македонија под уставно име и вистински идентитет.


Ако таква политика се употребува од државни структури и функционери , па дури и во облик на лично мислење е уште полошо зошто станува збор за државен фашизам и тортура.
Во битката со монструми многумина стануваат монструми не препознавајќи го сопствениот фашизам.

Ако моќта е пари, а парите се моќ, колку пари/моќ или моќ во љубов  треба за да Македонците ја откупат својата слобода и идентитет, или таа цена постојано ќе расне, односно за Македонците по етникум , по смртта на Тито, никогаш нема да се даде добра цена за слободата и идентитетот?

http://www.historyofmacedonia.org/Macedoniansymbols/MacedonianSun.html