НА ФРЕНКИ МУ ПУКНА ФИЛМОТ

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n-2-392x280

Вчера беше конечно сменет Зврлевски Марко. Многумина во  Македонија славеа.

Народниот херој Љиљан Видиќ  ја ослободи земјата од окупаторот. Шта се од тебе очекује Љиљане Видиќу?- го прашаа? Да ослободим земљу од непријатеља.

И така … имаше радост, имаше славење, имаше еуфорија, на социјалните мрежи ти се чини небаре Македонија од вчера стана нордиска земја и се препороди, а јас се некако се чувствувам како насловот на  филмот кој вечерва иде на Телма – На Френки му пукна филмот и сака што поскоро да си замине и да не се врати во Македонија.

Ве разбирам, подобро е да се надеваш и да бидеш оптимист, да даваш кураж на сите наоколу, ама ете јас повеќе не можам да се лажам ниту себеси ниту другите.

Да почнеме од фактот дека долги години чекавме да ни пукне филмот, некаде од 2011, а кога ни пукна, тоа пукање траеше од  март /април 2015 па се до август 2017, сетики големи текстонски поместувања нема.(ДУИ режимот пак власт??, а и многумина од старо/демек новите фаци кои сите ги обожаваме – многу добрини ни направија?) Бомбите пак, многу селективни?Каде е во бомбите и пред СЈО,  ДУИ?Ако не сум во право, исправете ме…Може не сум во тек?

Политика и политички интереси? Кога се работи за фундаментални права и рушење на режим, може ли, смее ли,  да има пазарење и компромиси, по се низ што поминавме? А има и тоа на големо и на сите страни, па и пукањата и бомбите не се премногу опасни. Гледајте, си преживуваат и се шетаат наоколу.

А ние… треба да чекаме,да бидеме трпеливи, да разбираме,  па дајте да се стрпиме, ама, кога подобро ќе погледнам животот ни помина чекајќи ги да не опорават,(во правото само деловно неспособни се под старателство, како што е Македонија,  а ние дозволуваме да не управуваат како деловно неспособни?) па кога после 2-3 години ќе разрешат некој како Зврлевски, ич не мие  до славење, повеќе ми се вреска .

Каква слобода си даваат политичките естаблишменти , користејќи ги затворените изборни листи, огромниот број на потписи во невозможни услови за независни кандидати,  тоа е неверојатно.

Си играат сите со нашите нерви и трпение, ни одзедоа по 26 години од животот, Курто си го сменува Мурто  и обратно во секој изборен циклус, некои фаци се вечни, а јалова е и правдата.

Владимир Булатовиќ Виб, познат  екс југословенски сатиричар ќе рече – Јадна  е правда која мора да се правда, а кај нас правдата никако да се оправда.

Цитирајќи го повторно Виб  – Се надевам секогаш кога ќе напишам колумна јас или моите пријатели, дека “нема да бидам затворена затоа што сум отворена”, зошто повторно ни се повторуваат некои ситуации како пукање врз деца од полициски службеници, притворање за јавно искажан збор против власта , носење одлуки на штета на државата и македонските национални интереси без око да им трепне, одуки спротивни на Устав , меѓународно право и слично.

Па каде  е Закон за потекло на имот, каде е укинување на Извршителите и Нотарите во итна постапка и ревизија на нивното работење, каде е ревизија на лихварското работење на банките, каде е кривично дело политичка корупција со на пример доживотна казна затвор, или некоја слична формулација, каде е конфискација на имот во врска и во согласност со некој  Закон за потекло на имот, незастарување на кривични дела против државата и општетствениот имот и слични решенија.? Решаваме? итно само прашања кои се безопасни или корисни по  политичкиот брак и идната финансиска поддршка на избори?

На таков начин , опишан како погоре, , драги политичари/ки, ќе ја вратите довербата во институциите и платата ќе ја покачите на 500-1000 евра, со спречување на политичка и воопшто корупција, организиран криминал и враќање на украденото во државата на секој денар, со бриток рез на се што ги уништи животите на милиони…

За јавното обвинителство на Република Македонија, за сите јавни обвинителства, и огромен број на судии отпусното писмо(по Библијата) требаше да се случи многу одамна, а уште не се случува.

Ајде уште ќе чекаме…До кога? Како стечајците кои веројатно 80 проценти починаа дури им дадете помош? Или како припадниците на безбедносни сили кои не се обештетени од 2001 година?

Се сеќавам во далечната 2009 година, притисната од безобразлукот и криминалото поведение, одговорна пред својата професионалност, морал и дигнитете, не можејќи да гледам што им прават на луѓето,  на некои јавни обвинители во Куманово, поднесував претставки до Советот на Јавни обвинители или како и да се викаше тогаш тоа тело.Не сакам ни да проверувам, затоа што како и да се вика , џабе постои, како и Судскиот совет на Република Македонија и Советот за утврдување на факти и одговорност на судии.

Она кое се случи е – не покренување на постапка за одговорност на Јавниот обвинител, или премолчно подобрување на состојбата во конкретен предмет, но мое повикување во Јавно овинителство во Скопје, каде љубезно ме посоветуваа дека јас сум премногу млада за да се однесувам така, и всушност еве против Основниот Јавен обвинител сум се жалела кај нив  , ама кај кого ќе се жалам против нив??? Чиста закана.

Да не Ви должам премногу , Основното јавно обвинителство Куманово, кулминира во мојата меморија со одвратност некаде 2014 со кревањето на обвинителен акт против лице  и  донесување на пресуда виновен/а за кривично дело лажно пријавување на кривично дело.

Врв на кримналот и неправдата беше тоа што обвинението го подигнаа врз доказот – супсидијарен обвинителен акт, кој што по законот странката има право да го искористи и да биде приватен гонител, ако не се согласува со одлуката на Судот и Обвинителството за непокренување на постапка, против одредени лица,  во одредено кривично дело.Врв на нонсенс од обвинител кој е пред пензија, или политичка хајка (на адвокатот или клиентот, сеуште е непознаница)?

Таа година 2009- 2011 гледајќи целосна неправда која постепено стануваше се пострашна и поголема, поднесов претставки против бројни обвинители и судии, .

Нив ништо не им се случи, никој од нив не поднесе одговорност, напротив мојата егзистенција , професија , лиценца ,семејство,  живот беа загрозени со години.

Во април 2015 година на протест пред Јавното обвинителство на Република Македонија прашав-

Дали е ова јавно или приватно обвинитество на Република Македонија (види плус инфо).??Бев единствениот адвокат кој што стоеше со адвокатска значка во рака и тога, но и тука што се случи? Медиумите беа премногу заплашени за да фотографираат и земат изјава(да прашаат што го мачи овој адвокат кога се решил со значка и тога да застане тука?) , освен еден електронски медиум, а организаторот, не ме примети.??

Денес прашувам дали е Македонија наша , на граѓаните/ките , општествена своина, или е приватна своина и феудален посед на стотина политичари и нивни пулени(кои патем за злоделата кои ги сторија (има ли поголем доказ од состојбата во која Македонија е денес?) треба да им се забрани вршење на ваква професија со посебен закон)

На Френки му пукна филмот, а се надевам и Валтер ќе почне да го брани Сарајево.

 Оливера Доцевска