Милчо Манчевски: Не припаѓам на ниту една банда

img_1014

превземено од civilmedia.mk

За тврдењата на власта дека опозициските „бомби“ се монтирани и креирани, а во кои се разобличија криминалите на владата на Груевски, тој се изрази лаконски – ако „бомбите„ се монтирани, ќе го земе тој човек да работи на неговиот следен проект. Милчо Манчевски. Македонскиот режисер и уметник, познат и признаен во планетарни рамки, човекот кој никогаш не ја заборави Македонија и преку своите дела ја прослави ширум светот, говори за ЦИВИЛ Медиа. За себе вели дека мисли глобално, но дејствува локално. Скромен по природа, Манчевски, сепак, не може да го избегне фактот дека неговите уметнички дела имаат глобален ефект.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е општествено-политичката позиција и одговорност на уметниците и интелектуалците?

МАНЧЕВСКИ: Одговорност и привилегија да се биде чесен и гласен имаат уметниците, интелектуалците, ама и сите граѓани, особено оние што примаат државна плата. Од уметниците и интелектуалците со право се очекува да формулираат став кој ќе биде дел од еден дискурс полезен за заедницата или да бидат славејот во рудникот и први да ги забележуваат девијациите – иако целта на уметноста не е да се бави со општеството, туку да се бави со човекот. Како и да е, оваа обврска на уметниците и интелектуалците не ги апсолвира граѓаните. И интелектуалецот и уметникот треба да придонесуваат на заедницата, ама тоа треба да го прави и секој граѓанин. Тој самиот треба да учествува во создавањето на подобра, пофер и попрогресивна заедница. Тоа нема никој друг да го стори за него. За жал, во Македонија има многу полтрони. Кога е детето мало не се прашува дали е весело или дали е паметно, или дали е среќно, туку дали слуша. Учени сме да бидеме користољубиви, а тоа подразбира да бидеме тивки и послушни. За илјадници од овие криминали што се случуваа, за унаказувањето на градот и на државата, за сето тоа има потписи и два кренати прста на илјадници послушни македонски апаратчици кои во тоа влегувале со цел да се офајдат. Власта не е дојдена од Јупитер, туку е од тука и поддржана од премногу послушни и користољубиви граѓани.

прочитајте повеќе на

http://civilmedia.mk/miltcho-mantchvski-n-pripaam-na-nitu-dna-banda/