Крајно лоша застапеност на жените во политиката

Sultan_Pardons_Scheherazade

превземено од civilmedia.mk

Владата именуваше нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено-поправни установи што се во нејзина надлежност.

Министерствата за здравство, финансии и животна средина, Агенцијата за вработување, Управата за културно наследство, како и КПУ Затворот во Струмица добија жени-функционерки, кои се најдоа на листата од 68 нови функционери и директори именувани од Владата. Во просек, на листата на функционери и директори се најдоа само 11,8 % односно 8 жени. Во парламентот има само 39 пратенички, а на министерско ниво се наоѓаат само четири жени.

Родовиот баланс, родовите прашања и вклучувањето на жените во политиката, според реакциите во јавноста и на социјалните мрежи, не се проритетни и не се во фокусот ниту на новата влада.

Минатата година, меѓу многуте дилеми што се наметнаа во контекст на очекувањата доколку се промени власта, а во пресрет на предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа дебата на тема „Жените во политиката“ на која се зборуваше за родовата еднаквост, правата на жените, како и за степенот на вклученост на жените во политиката…

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, пак, за ова прашање потсети: „Уште во времето кога функционираше како неформална група граѓанки и граѓани, во 90-те години на минатиот век, ЦИВИЛ се залагаше за односот минимум 51:49 во корист на жените, со што ќе се рефлектира застапеноста на жените во популацијата. ЦИВИЛ во своите ставови во јавноста во тоа време одеше и подалеку и го промовираше начелото и на позитивна дискриминација, односно дека разликата може да биде и поголема во корист на жените, поради потребата да се надокнадат историските непревди кон жените. Тоа никогаш не наиде на позитивен одѕив кај властите и партиите“.

прочитајте повеќе на

http://civilmedia.mk/krajno-losha-zastapenost-na-zhenite/