Досадноста на поетските суети- Оливера Доцевска

11200785_10206894168941175_7029296155317792234_n (2)

 Да, нема ништо подосадно од поетско читање и критика, затоа што Вие така направивте, да му пукне чир на човек од Вашите бескрајни критики и беседи колку сте добри а друг не е, а како Вашата поезија( која патем никој не ја чита) е врвот.Како не ви здосади, нели сте досадни самите на себе си?Имате ли огледало?
А да не речам, можете ли ,умеете ли да видите што ќе биде за 100 години?Далеку сте од визионерство, затоа што не можете да видите дека се е мувлосано и мртво.
Знаете ли зошто е се мувлосано?
Затоа што ништо не мрднало со години, затоа што она што наоѓа на одзив кај публиката не ви годи, го газат , тргат и понижуваат обезличени суетни типови без сопствен идентитет, кои ги наследиле позициите и размислувањата на своите родители, дека тие се оние кои треба да владеат и судат.
Ништо не се помрднало од 1947, пред неполна една година беше поставен прв портрет на жена поет и писател во ДПМ што говори за тоа кои сме и што сме. Авангардата на светската книжевна сцена, ах, овде е непознаница.
Единствено нешто што ја размрда книжевната македонска сцена се Слем поетри настапите и Дарко Лешоски со својата поезија, би потенцирала уште мал број на имиња, но знам сите вистински големи луѓе, скромни луѓе се и не сакаат да навлегуваат во долни расправи.
Книжевната македонска сцена (како и се наоколу) стана жабокречина во која сакаат да пливаат некои самобендисани и самопрогласени критичари и уметници или типови удобно сместени под партиски чадори, на секоја нова власт, да не говорам за амебните и аморфни типови кои тешко и луѓе можат да се наречат, а посебно оние кои живеат на и од славата им на родителите удобно сместени по завршување на студии на државни гради , а на сите околу себе гледаат со ароганција и потценување, демек ни се од Бога дадени да не просветлат.
Оние кои го критикуваат изборот на Лешоски нека се пофалат со една песна прочитана од младата публика и генерација, како неговите. Дарко Лешоски е авангардата, неговата поезија се наметна самата по себе.
Јас сум против назначување на министри и директори со неискуство и под 40 години до трети ешалон или четврти,за Советници да не зборувам и за акумулирање на позиции, ( треба законско решение во таа насока) и нема да се погазам себе си за тој став, ама Претседател на управен одбор и не е некоја позиција, одлуките сам не ги носи. Мите Стефков под итно треба да се смени!Ни овие Струшки да не ги дочека, тука да реагирате..
Што се однесува до образованието на Дарко знам дека завршил книжевност и комуникации, поет е, признаен од јавноста, па има доста врска со Струшки, а?
Имам вест за Вас, Вие, неуморни оговарачи, сте минатото, иднината лежи некаде на друго место, различно од Вас, кои разговарате за луѓе, не за идеи.