“Да ја вратиме довербата во судовите – правда за секого”, 30 Јуни 2017, Штип

17021438_1303056703135912_2940158589136395139_n

 

Здружението за истражување, анализи и развој “Зелена Лупа- Скопје” и “Јустиција”во соработка со Здружение на граѓани “Гласно- Штип” сo посебна чест и задоволство Ве поканува да присуствувате на настанот на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП ЗА НЕПРАВДИТЕ”,во рамките на проектот ” Да ја вратиме довербата во судовите – правда за секого, поддржан од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

Настанот ќе се оддржи на ден 30 јуни ( петок ) со локација З.Г. Гласно, во Штип,  до градскиот стадион спроти новата пошта (Борис Кидрич бб) со почеток во 19:30 часот.


На овој настан освен информации за здруженијата и за нивната работа, ќе се дели и информативен весник со кој на граѓаните ќе им биде појаснето како да дојдат до својата правда. На овој настан ќе има и забавен дел кој вклучува DJ и освежување.


Овој проект е од суштинско значење за судскиот систем на Република Македонија и ќе биде од голема помош на реформскиот процес кој што следи и се најавува од страна на новата реформска влада.


Со вашето присуство ќе дадете свој допринос за успешен почеток на овој проект.

Со почит,
Здружениe за истражување, анализи и развој
Зелена Лупа – Скопје и Јустиција