Повик на учесници за работилница на тема ’’Медиумска писменост’’

index

ЦМА КРИК објавува повик на учесници за работилница на тема ’’Медиумска писменост’’

Кога: Работилницата ќе се реализираа во понеделник, 19 јуни 2017 година, 18:00 – 20:00 ч.
Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје
Ул. Караџица бр. 6, Пржино, https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

Повеќе за оваа работилница:

Целите на работилницата се да се подигне свеста кај младите за медиумската писменост, да се упатат како да ги препознаваат пропагандите преку медиумите и како да ги препознаваат говорот на омраза, сексизмот, национализмот и навредите во квази-новинарските текстови. Исто така една од целите е и да се посочи позитивен пример за како да изгледа солиден новинарски текст.

Теми на работилницата

  • Преку конкретни примери, на работилницата ќе се работи на подигањето на свеста за стереотипите и предрасудите како корен на секој говор на омраза, па и одредена пропаганда против нешто или некого.
  • Практична работа: Пишување новинарски текст.

Профил на учесници: Млади од 18 години до 29 години.

Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа работилница пополнете ја оваа апликациска форма.

Рок за аплицирање: 18 јуни 2017 година

Контакт за дополнителни прашања: kriksending@gmail.com