“ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – Стоп за неправдите”- Прес – конференција на Зелена Лупа и Јустиција

1625503_755788017862786_5030143734473836924_n
Здружението за истражување, анализи и развој  Зелена Лупа- Скопје  и Здружение Јустиција , со особена чест и задоволство Ве покануваат да учествувате  на настанот – пресконференција на тема ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП ЗА НЕПРАВДИТЕ, која ќе биде организирана на ден 13 јуни ( вторник ) во Клуб на Новинари со почеток во 12 часот на која официјално ќе биде прогласен почетокот на проектот – “Да ја вратиме довербата во судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО”, поддржан од Цивика Мобилитас .

На оваа пресконференција ќе бидат образложени целите на проектот, активностите кои што се планирани и ќе бидат спроведени во наредниот период.

Овој проект е од суштинско значење за судскиот систем на Република Македонија и ќе биде од голема помош на реформскиот процес кој што следи .