Бесценета е радоста на моите клиентки и пријателки – Сара Реџиќ, модна креаторка

17861825_10211178687718041_4984156449670714332_n

10991048_10204945347688436_7621690446493800276_n

Сара Реџиќ е модна креаторка, од Скопје.Таа е еден од прмерите за тоа дека ништо не е невозможно и треба да го следиме својот сон, љубов  и пасија за да станеме успешни , а и дека понекогаш образованието не значи животна определба.

Имено, Сара заршува правен факултет , но бидејки модниот дизајн отсекогаш ја привлекува, во последните години, таа активно се занимава со креирање на женска облека и модни додатоци.

“Сакам да изработувам необични и уникатни парчиња кои што ги украсувам со везени или плетени детали и на тој начин им ставам мој печат.Сe радувам кога некој ќе препознае мое парче облека.Тоа ми докажува дека полека но сигурно мојот стил и дизајн станува препознатлив.

Напорно работам и трудот сепак се исплатува. Бесценета е радоста на моите клиентки и пријателки кога ќе пронајдат нешто за себе во моето ателје.

Учеството на модниот викенд и многуте убави коментари ме охрабруваат да излезам од анонимата и да работам уште повеќе за еден ден Sari gi да стане познат бренд.” изјави за будност.мк Сара Реџиќ.

Во прилог галерија од нејзините модели:

Сара Реџиќ, Ателје Sari Gi