Иницијатива на Јустиција за Мораториум од 20 години за етнички и верски прашања, објекти, симболи и обележја

2000px-hatespeech-svg
Почитувани  граѓани /ки , медиуми и мисии на меѓународни организации,
Ова Иницијатива ја покренуваме со цел  ПОТПИШУВАЊЕ НА:
1.   МОРАТОРИУМ ОД 20 ГОДИНИ ЗА ГРАДЕЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЕТНИЧКИ И ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ И СИМБОЛИ

2. МОРАТОРИУМ ОД 20 ГОДИНИ ЗА ЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ВЕРСКИ СУБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои имаат најголемо влијание и по структура и по приврзаници, како и од други заинтересирани субјекти.

3. ДОГОВОР ЗА ТЕХНИЧКА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА ИЗБОРИ ОСТАВЕНА ОД 1/3 ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ , 1/3 ЕКСПЕРТИ И 1/3 ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

НА ИСТ ПРИНЦИП.

Причини :

- СО ОГЛЕД НА ФАКТОТ ШТО ОД БЕЗБРОЈ СПИНОВИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ(посебно на социјалните мрежи) ВЕЌЕ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО Е ВИСТИНА,
- Со оглед на фактот дека во тек се кривични постапки од големо значење за расчитување со криминалот во државата, а во исто време се појавуваат немири и Платформи на странски држави кои се наметнуваат како зрно на раздор помеѓу Македонците од другите етнички заедници и Македонците како носители на државотворноста, како и раздор помеѓу самите Македонци внатре, меѓупартиски, со можни сериозни импликации за безбедноста и унитарноста на државата,
- Со оглед на фактот дека постојано е присутен говор на омраза од сите страни и се поттикнува и разгорува омраза и нетрпеливост ,
- Со оглед на фактот дека во Република Македонија се градат верски храмови, обележја, споменици, се поставуваат симболи, понекогаш со непочитување на ниту една законска одредба, владеење на правото и меѓународното право,

- Со оглед на фактот дека се поставуваат вакви програми, платформи , барања, симболи, објекти, обележја – не како чин на почит, верба, надеж и утеха, но како акти и дејанија кои предизвикуваат раздор, омраза и нетрпение и чувство на одбивност помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија, помеѓу себе и општо кон таквите објекти,
- Со оглед на фактот дека, се трошат огромни средства на такви објекти додека во исто време граѓаните и граѓанките на Република Македонија живеат во сиромаштија , недостоинствено , со 30 денари на ден, а повеќе 600 000 се исселени од државата од истите причини ,
- Со оглед на фактот дека ако отидете ненадејно во зграда на Општина каде живеат Македонци од друго етничко потекло  ќе го најдете Македонското знаме истакнато во зградата на Општината,
што покажува дека вистината  се извртува и дека не е точно дека граѓаните/ките од друга етничка припадност различна од македонската во големо мнозинство не ги почитуваат државата и државните симболи ,
со заклучок дека провокациите постојано се прават и создаваат , а ги прават непознати ,веројатно криминални структури и структури кои не и мислат добро на Република Македонија и нејзините граѓани и граѓанки, и структури кои од кој знае какви причини сакаат раздор, нетрпеливост, омраза и несоживот помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија,
- Со оглед на фактот да таквите објекти и Програми не допринесуваат кон нормален и достоинствен живот ниту кон благосостојба, мир и стабилност, барем засега, но сосема обратно, ниту пак даваат надеж верба и утеха во овој миг туку се ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЦЕЛОСНО, за оддржување на немир, нестабилност, несоживот и криминал,
Ја покренуваме повторно оваа Иницијатива, која ја гледаме како ЕДИНСТВЕН пат на  СМИРУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНО ПОЛИTИЧКАТА КРИЗА  и како единствен пат за заштита на сите права  на граѓаните/ките на Македонија кои им следуваат согласно Уставот,  посебно на достоинство, безбедност, мир и живот без страв.(без повеќе да навлегуваме во истрага кој е виновен и кој прв почна).

Најнапред е потребно , ДА ГО РЕШИМЕ ГРАЃАНИ И ГРАЃАНКИ , ДРУГАРИ/КИ  ПОПИСОТ, КРИМИНАЛОТ, КОРУПЦИЈАТА И ЕКОНОМСКИТЕ ПРАШАЊА.
Пред скоро точно една година на 06.03.2016 година, Организација Јустиција и Оливера Доцевска ја упатија оваа иницијатива и повик до Претседателот на Македонија проф.д-р. Ѓорѓи Иванов во писмена форма.ОДГОВОР НЕ ДОБИВМЕ , иако тоа е обврска на Канцеларија на Претседател.
СЕ ПРЕТЕРА ВО СЕ. САКАМЕ МИР, СЛОБОДА, ПРАВДА И БЛАГОСОСТОЈБА.



Со почит,
Оливера Доцевска, Претседател, Јустиција