“Зимзелен лист во албумот на мојот живот”- Агим Ѓакова (Agim Gjakova), Косово

12088010_893417400746549_9017310582158190657_n

agim gjakova

Агим Ѓакова,  од Косовскиот ПЕН – центар, (превземена реченица од утрински.мк):

„Убавината е една од состојбите на возвишеното се’ со цел да се создава убава книжевност за човештвото. Поезијата го претставува внатрешниот свет на авторот, но таа не треба да остане внатре туку, напротив, треба да се отвори и тоа да го видат сите. Се’ она што се содржи во човековата душа е производ на најсилните емоции. Убавината која останува за идните генерации е возвишена“.

Агим Ѓакова e роден на 11 јули 1935 година во Каваја. Студирал во Белград , Француски јазик и француската литература и светската книжевност  на Филозофскиот факултет, каде го основал весникот на учениците Албанци “Ендевор”. Бил затворен три пати и на крајот, во 1960 година,  бил депортиран во Албанија како персона нон грата на тогашната  југословенската влада.Студиите не ги завршува.

Тој работел како учител во Каваја (1960-1962). Во 1966 година студирал на Факултетот за историја и филологија на англиски гранка во Тирана. Бил уредник и преведувач на Албанската телеграфска агенција (1966-1970), поминува во образованието (1970-1978), а работел и  во Киностудио “Нова Албанија” (1988-1990), како сценарист.
Во 1999 година доаѓа на Косово. Работи како уредник за култура во весникот “Бота Сот” до 2006 година. Во 1965 година се оженил со Даци Наиме .

Поетски збирки: Велат има мир во светот, Перспектива, Обелиск, Пукав во каменот на соништата, Море, Имагинарна граница, и други.

Од проза, значајни му се делата: Сомнежите на градот (роман), Во потрага по вистината (роман), Ерес (римски), Дали има насекаде Бог (роман),  Игра на черепи (роман) Зелени коридори (римски), Исповеди … (роман), Под сенката на бесмртноста (раскази), Дом на крстосницата (роман), Нови фондации (роман за деца), Доаѓање на потокот (детски приказна), Одблесоци (филозофски, социолошки), итн.

Драма, сценарија: Остров за забава (драма),Невестата ( сценарио),  На крајот од одмазда (сценарио, итн.)

Подолу Ви пренесуваме некои од песните на Агим Ѓакова, во превод на Оливера Доцевска, од англиски на македонски јазик:

МОЈАТА ЖЕНА

Ти си зимзелен лист во албумот на мојот живот,
додека ветровите ме носат пред себе
појасно од дента, понеограничено од ноќта,

во раѓањето на зората сите овие долги години
додека границите на моето небо беа – твоето лице,
твојата искусна насмевка остана мојот Универзум.

Колку бргу моите уморни храмови се затресоа
кога росата на времето започна да ги брише твоите очи,
а моите сеќавања се вкочанија во
карпестите бразди
како замрзнати снегулки кои се вгнездија во мојата глава.

Насмевни се уште еднаш за мене,
Светлината од лицето твое
ја заплашува дивата дупка на темнината
и го смируваш моето стареење на лав,

Насмевни се уште еднаш за мене
како караван од мравки од мисли
завземи го мојот мозок,
изцицај го отровот како птица
едно по едно зрно грав,

Насмевни се уште еднаш за мене
дозволи боите да навлезат подлабоко во времето,
ах, какви чувства импулсите на обожување
измамуваат!

За насмевка им завидувам на сите,
изминаа години откако срцето го заборавено тој украс.

 

THE CULT

 

I trust only to the goddesses

They taught me the language and the virtue

 

they told me to hate not and to humiliate not

they land me a hand with poverty and sorrow

 

I saw the light and whitened the dark

estranged the death and gave my heart

 

to mothers…

 

КУЛТ
Им верувам  само на божиците
кои ме научија на јазикот на доблеста,

тие ми рекоа да не мразам и да не понижувам,
и  ми доделија дланка  сиромаштија и тага,

ја видов светлината и побеле темнината
ја отфрлив  смртта и го дадов моето срце

 

на мајките…

 

 

SERPENT

 

I wrapped myself in the serpent’s leather

going through the streets

I saw some people walking up and down

I tried to poison them

an found myself dead

under the human tree of innocence.

 

ЗМИЈА

 

Се завиткав во кожа на змија

одејќи низ улиците

 

Видов некои луѓе

одат нагоре и надолу

 

Се обидов да ги отрујам

 

и се најдов  себеси мртов

под човечкото дрво на невиност.

 

 

MY PORTRAIT IS NOWHERE ON THE WALL

 

Over the roof of half-ruined wall

of the old dream

I had put a killed bird

with the hope that it would fly again

through my desires

 

the nights flied as steam

I slept in a tearful sleep

the time did not wipe out my memory

 

my portrait! I cried unrestrained

but the wall was ruined thoroughly

leaving the dust of oblivion (forgetfulness).

 

МОЈОТ ПОРТРЕТ ГО НЕМА НА ЅИДОТ
Врз полусрушениот ѕид
на стар сон
ставив убиена  птица
со надеж дека ќе лета повторно
преку моите желби

ноќите исчезнаа како пареа
Спиев во насолзен  сон, но
времето не ги избриша  моите сеќавања

мојот портрет! Плачев неутешно,
но  ѕидот се сруши до темели
оставајќи само прашина на заборав.

 

 

TWILIGHT

 

The death came to my mind and I give an end to life

I lay into the grave and lighted the lonely candle

the stars tumbled the fire-flies fell the sun closed snub-manner

my eyelids

 

I bit the earth – the eternal  vow

I got rid of the sins and rose from the grave.

 

САМРАК
Смртта дојде во мојот ум и му стави крај на животот
Легнав во гробот и ја запалив осамената свеќа
ѕвездите паднаа, светулките  паднаа,а

Сонцето ги затвори моите очи потскокнувајќи

 

Ја победив земјата  –  вечниот завет
се ослободив од гревовите и воскреснав од гробот.