Трајче Кацаров и Славе Николовски-Катин прогласени за почесни членови на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Австралија

98a582b66f9604c5e197e648c3b2d22e_L

12512441_10153860265375295_2416392688016546625_n

Минатиот петок, 31 март, во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Австралија, се одбележа 39- годишницата од формирањето на Друштвото.

На средбата, почесниот претседател Душан Ристевски, ја изнесе нацрт Програмата за одбележување на 40 годишницата на Друштвото, кога во наредната јубилејска година се планираат повеќе активности меѓу кои и ќе се издаде Монографија од Друштвото, Антологија со поезија, Архив на Друштвото како и повеќе книги од членовите на оваа асоцијација која скоро четири децении го негува македонскиот јазик и литература и ја промовира македонската нација во Австралија и пошироко.

На средбата за почесни членови во Друштвото се прогласија познатите писатели од Македонија, Славе Николовски-Катин и Трајче Кацаров. Тие повеќе децении соработуваат со Друштвото и го промовираат истото.