Кризата на демократијата- Мартин Ристевски (младите со свој став)

Our_children_are_not_for_sale_lakota_law

12923320_10205994222158548_9134764199775573135_n

Пишува Мартин Ристевски

Кога народот вели да се насочиме кон: Русија , задолженоста на државата вели, кон: ЕУ и САД.

Демократијата е во криза, парализирана е, дисфункционална, заробена во канџите на новонастанатите радикали, на авторитарните популисти и на антидемократски настроените лидери, за кои демократијата претставува пречка за остварување на нивните блесави идеи.

Парламентарната демократија полека доживува колапс.

Изборите не се мерка за докажување легитимност (а најчесто се смета спротивното).

Мнозинствата (релативни или апсолутни) се де факто ‘оптичка варка’, кои не работат за интересите на граѓаните, туку работат за сопствените интереси.

Работат само за да земат месечна плата за квази сработеното.

Гласовите што секое парламентарно мнозинство ги добива на изборите , најчесто не се ни приближно половина од бројот на популацијата, доколку го тргнеме на страна цензусот кој постои за добивање активно избирачко право.

Но, со постоечкиот цензус бројот на гласачи минува нешто повеќе од половина од популацијата во една држава, а најчесто мнозинствата кои ја добиваат власта, нивниот број гласови е горе-долу 1/4 од вкупниот број жители.

Партизацијата и понатаму наголемо гази се пред себе, бирократизирањето на партиите и понатаму ја доловува поделбата во самите партии, додека меѓу партиите компромис се постигнува само со делење тендери, министерски и директорски места, иако идеологиите не им се совпаѓаат.

Се мешаат масло и вода, а смесата добиена од ова, е нешто како C4 експлозив и пожар во иста просторија.

Кризата се проширува во секој домен на општеството , па економските разлики се зголемуваат рапидно во корист на оние кои успеале длабоко да навлезат во црните бизниси, на сметка на оние кои сметаат дека чесноста на крајот ќе се исплати.

Социјалните разлики варираат до бескрај, оние сиромашните ја продолжуваат таа тенденција со пад надоле, без условите за преживување кои ги имале претходниот ден.

Образованието прави чекори наназад, а образованите млади луѓе прават чекори надвор од границите на матичните држави.

Етничките и верските разлики постојано се разгоруваат се повеќе, каде што споровите се на ниво да прераснат во конфликти меѓу засегнатите страни.

Работни места постојано се отвараат , но други се затвараат.

Бројот на невработените можеби се намалува, но се зголемува бројот на вработените во администрацијата и се зголемува бројот на исселени .

Уставот се погазува минимум два пати во месецот, а постои тенденција тоа да продолжи и да се зголемува.

Додека пак, законите се носат само во корист на оние кои треба да земат некој тендер, а нивната реализација достигнува дно.

Политичарите во квази демократиите не уживаат којзнае каков рејтинг од страна на популацијата, но граѓаните се би дале да бидат сликани со високи функционери , затоа што тоа им овозможува морално да се чувстуваат како да се од повисоки слоеви, а финансиски тоа им овозможува работно место, со можност за добивање решение за постојана работа.

А, демократијата, се лечи само со повеќе демократија.

Узурпацијата на трите власти како што се извршната , законодавната и судската , мора постојано да бидат одвоени, саморегулирани и да вршат надзор едни врз други, без притоа две од властите ( пр. законодавната и извршната) да ја сотрат третата.

Мандатите на политичките претставници да бидат сведени на минимум број години (како што е регулиран мандатот на Претседателот на државата) , без да имаат шанса да бидат кандидирани за трет мандат (без разлика за која власт станува збор).

Вработувањата во државната администрација да не се засноваат според пропорционалната застапеност (пр. 20% застапеност од малцинствата или жените) , затоа што задолжителното процентуално застапување доведува до неквалитетни кадри во администрацијата, административци од типот на “нишај врата, земај плата”, а во одредени случаи некои ја земаат само платата, без да ја допрат вратата од ресорот каде што наводно се вработени. Спротивно, секој да биде вработен според стандардите и критериумите што ги исполнува на конкурсите за вработувања, во тој случај нека победи подобриот.