Продолжува традицијата на фестивалот Крик на жената (Woman Scream )

African girl laying with face on hands in park.

Во Република Македонија ,  на 28-ми Март 2017, ќе се оддржи по втор пат Меѓународниот фестивал на поезија и уметност – Крик на жената или Woman Scream , ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI),кој потекнува од Доминиканската република и е координиран , на меѓународно ниво од страна на  Jael Uribe, како Претседател на MPI.

Во Македонија настанов по втор пат го организираат и координираат  Оливера Доцевска и Елена Пренџова, во координација со здружението „Јустиција”.

Меѓу поддржувачите на настанов оваа година се  Фондацијата Елена Лука, Fashionel, МКЦ Клуб ресторан, МКЦ, Фантаст уметничко студио, Цивил – Центар за слобода, Budnost.mk, Македонска платформа против сиромаштија- МППС, YENİ Yildiz TÜRK Derneği – Tурско здружение „НОВА ЅВЕЗДА“ , Јустиција, Здружение ХЕРА, Здружение ЕСЕ.

Овој фестивал,  претставува  светски синџир на настани, прослави во март (од 1-ви  до 31 –ви) каде што поети, уметници и организации  од различни земји  волонтираат во чест на жените и испраќаат  пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот против насилство врз жените.

Крик на жената  2017 година, и оваа година во Македонија и Светот се оддржува и е организиран со голема несебичност и волонтерска и алтруистичка поддршка и солидарност на истакнати јавни и приватни организации, уметници и литературни дејци .Ќе се одржи на повеќе локации, а ќе учествуваат луѓе со различни професионални профили.

Во продолжение ви ја пренесуваме програмата во целост.

12.00–20.00 часот

Целодневна изложба  (Уметничко студио „Фантаст“ – Аеродром, ТЦ Бисер)

Емилија и Стојче Тоциновски ( акрил на хартија), Ана Ранкович ( акварел на хартија), Ганна Мозгова ( комбинирана техника), Иванка Апостолова Баскар

12.00–13.00 часот

Дебата на тема „20 дена по 8. март и шчо напраифме?“. Родовата рамноправност, борбата против семејно насилство и правата на жените како основа за поправедно општество (МКЦ, Џебно кино)

Панелистки:

Билјана Дуковска – Македонска платформа против сиромаштија – МППС, Марија Савовска – Акција Здруженска, Билјана Страмшак Ѓуровска   Модераторки: Оливера Доцевска, Елена Пренџова

13.00–14.00 часот

Видео проекции од НВО-и за права на жени – ХЕРА, ЕСЕ (МКЦ, Џебно кино)

18.00 часот–19.00 часот

Тематски слем (МКЦ Клуб ресторан)

Рената Пенчова, Константин Карев, Марина Мијаковска, Цветанка Колева, Наташа Сарџоска, Василка Голубова, Кети Јованова, Симона Ташева

19.00–20.00 часот

Поетско читање (МКЦ Клуб ресторан)

Џабир Дерала (Xhabir Deralla), Дијана Петкова, Д. А. Лори, Оливера Доцевска,Елена Пренџова

19.30 – 19-40

Шкелзен Пајазити (Shkelzen Pajaziti) – Мал коцерт со виолина

19.40 -20.00

 

Драгица Најческа, Виолета Танчева Златева, Ирена Јурчева, Филип Клетников

20.00–21.00 часот

Модна Ревија под мотото „Крик на жената “

Сара Реџиќ, Атеље Sari G, Магдалена Таневска, Magda

21.00 – 22.00–00.00Латиноамериканска музика (МКЦ , клуб ресторан)

https://www.facebook.com/events/135888286939110/