Барање за мораториум од 20 години за етнички прашања, симболи и објекти

zname-grcev-2

12071695_1500942413560400_1314158373_n 2 (2)

 

Пред скоро точно една година на 06.03.2016 година, Јустиција и Оливера Доцевска упатија повик до Претседателот на Македонија проф.д-р. Ѓорѓи Иванов во форма на

Иницијатива за ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ/договор (со законски последици) ЗА МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ( верски храмови, верски обележја, и на било какви споменици, симболи, и други слични објекти и обележја) (во период од 15-20 ГОДИНИ) од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ВЕРСКИ СУБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои имаат наголемо влијание и по структура и по приврзаници.-Барањето/иницијативата беше испратена и писмено.

ОДГОВОР НЕ ДОБИВМЕ , иако тоа е обврска на Канцеларија на Претседател.

Со оглед на фактот дека во тек се кривични постапки од големо значење за расчитување со криминалот во државата, а во исто време се појавуваат немири и Платформи на странски држави кои се наметнуваат како зрно на раздор помеѓу етничките заедници и Македонците како носители на државотворноста, како и раздор помеѓу самите Македонци внатре, меѓупартиски, со можни сериозни импликации за безбедноста и унитарноста на државата,

За да поверуваме во искрените намери на Претседателот и да ги заштитите сите права кои на граѓаните/ките на Македонија им следуваат согласно Уставот,  уште еднаш го упатуваме овој повик ПРОШИРЕН СО БАРАЊЕ/иницијатива ЗА МОРАТОРИУМ од 20 години и за  ЕТНИЧКИ ПРАШАЊА и бараме прифаќање.

ДА ГО РЕШИМЕ ДРУГАРИ/КИ ПРВО ПОПИСОТ, КРИМИНАЛОТ, КОРУПЦИЈАТА И ЕКОНОМСКИТЕ ПРАШАЊА.

(Охридскиот доволно реши ,нели?Или треба некој друг сега да профитира на наша мака)?

Во продолжение, текстот од 06.03.2016 година:

http://www.budnost.mk/blog/2016/03/06/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b4%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b8-%d0%b2%d1%80/

ДО
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Проф.д-р. Ѓорѓи Иванов

ПРЕДМЕТ:
Иницијатива за
– ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ/договор (КОЈ ЌЕ ИМА И ЗАКОНСКИ ПОСЛЕДИЦИ) ЗА МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ( верски храмови, верски обележја, и на било какви споменици, симболи, и други слични објекти и обележја) (во период од 15-20 ГОДИНИ) од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ВЕРСКИ СУБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои имаат наголемо влијание и по структура и по приврзаници.-
Почитуван Претседателе, проф.д-р. Ѓорѓи Иванов,
Со оглед на фактот дека во Република Македонија се градат верски храмови, обележја, споменици, се поставуваат симболи, понекогаш со непочитување на ниту една законска одредба, владеење на правото и меѓународното право,

Со оглед на фактот дека се поставуваат – не како чин на почит, верба, надеж и утеха, но како акти и дејанија кои предизвикуваат раздор, омраза и нетрпение и чувство на одбивност помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија, помеѓу себе и општо кон таквите објекти,

Со оглед на фактот дека, се трошат огромни средства на такви објекти додека во исто време граѓаните и граѓанките на Република Македонија живеат во сиромаштија , недостоинствено , со 30 денари на ден, а повеќе 600 000 се исселени од државата од истите причини ,

Со оглед на фактот дека ако отидете ненадејно во зграда на Општина каде живеат Македонци од албанско етничко потекло – Албанци , како и во други Општини каде живееат Македонци од друго етничко потекло, и ќе го најдете Македонското знаме истакнато во зградата на Општината,

што покажува дека вистината се извртува, и дека не е точно дека не ги почитуваат државата и државните симболи,

Со заклучок дека провокациите ги прават непознати ,веројатно криминални структури и структури кои не и мислат добро на Република Македонија и нејзините граѓани и граѓанки, и структури кои од кој знае какви причини сакаат раздор, нетрпеливост, омраза и несоживот помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија,

Со оглед да таквите објекти не допринесуваат кон нормален и достоинствен живот ниту кон благосостојба, мир и стабилност, барем засега, но сосема обратно,
ниту пак даваат надеж верба и утеха во овој миг туку се ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЦЕЛОСНО, за оддржување на немир, нестабилност, несоживот и криминал,

УПАТУВАМЕ ЈАВЕН ПОВИК ДО ВАС КАКО ТАТКОТО НА НАЦИЈАТА И ВРХОВЕН КОМАНДАНТ и ПРЕТСЕДАТЕЛ на Република Mакедонија, за апел за разум и разбирање и конечно ставање крај на неразумноста и

ПРЕДЛАГАМЕ ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ (КОЈ ЌЕ ИМА И ЗАКОНСКИ ПОСЛЕДИЦИ) МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ТАКВИ ОБЈЕКТИ во период од 10-20 ГОДИНИ од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ВЕРСКИ СУБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои имаат наголемо влијание и по структура и по приврзаници.

Се претера. Во се. Доволно е. Од секоја страна. Затоа што има доволно од се.
Ова е првичен проглас, до Вас. Следи официјален проглас/манифест упатен до медиумите и институциите.

Иницијатори :

Оливера Доцевска

Гордан Бојковски

со поддршка на Јустиција
На ден 03.03.2016 година