Покана за поддршка на 3-ти Марш за родова рамноправност (национален) во Куманово

2016-03-08-11.58.30-ЦОПИ-800x280

На 8-ми Март, во 12 часот ,  година 2017  , традиционално во Куманово ќе се оддржи, по третти пат,   НАЦИОНАЛЕН МАРШ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ.

Здружение Јустиција, ги повикува сите организации на жените , како и други невладини организации и граѓани и граѓанки на општина Куманово и пошироко од Македонија,

На ден 08.03.2017 година, во 12 часот,на градскиот плоштад, во Куманово, кај Архив и поранешно Kино Напредок, да излеземе и со мирен марш, да одадеме почит кон жените кои го дале својот придонес, кон сите направени чекори кон родовата рамноправност.Маршот ќе биде на двата плоштада во Куманово и ќе заврши со полагање цвеќе кај Жената Борец.

СИТЕ ДРУГИ МАРШОВИ КОИ ЌЕ СЕ ОДДРЖАТ НАДВОР ОД ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИ (за партиски цели) ГИ ПОДДРЖУВАМЕ, И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ОД 8-МИ МАРТ ЌЕ СТАНЕ ДЕН НА МАРШОВИ НИЗ ГРАДОВИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Ве молам пријавете се во инбокс кај

https://www.facebook.com/olivera.docevska

Ова е рамноправна акција на сите кои ќе учествуваат, без оглед од кого потекнува иницијативата.

ЌЕ НИ БИДЕ ЧЕСТ ДА МАРШИРАМЕ ЗАЕДНО.

Немаме средства за надомест на трошоци или организиран превоз, Маршот е без финансиска поддршка, патот до Куманово и назад до Скопје е 200 денари.

За родова рамноправност.Заедно. Мажи и жени.Со почит,

Оливера Доцевска, Јустиција