Иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“

16831187_10212426848054695_1391565383540249378_n

16683854_10212426869615234_5416865816439221245_n

Денес, на 21.02.2017 година, во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа првиот иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“ во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента 4), финансиран од Европската Унија кој ќе се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст.

Состанокот го отворија Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, г-дин. Саит Саити и г-дин. Сашко Јованов, претставник од Здружението Хуманост.цГ-дин.Саит Саити истакна дека овој проект претставува придонес кон реализација на националните стратегии за вработување и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија и е потврда за развој на социјални програми за поддршка на ранливите целни групи во насока на подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Преку овој проект ќе се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени(40) над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. Со  проектот ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за грижа на стари лица во домашни услови, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на  мобилни социјални услуги за стари лица во нивите домови – рече Саити.

Свое учество и излагање на состанокот имаа и Ленче Коцевска, државен советник на Министерство за труд и социјална политика и Павлина Костовска – Грујоска, советник во Центарот за вработување на град Скопје. На состанокот беа присутни неколку претставници од членките на мрежата “Инклузива М“ за социјална инклузија на стари лица, како и претставници од медиумите.

Од исклучително значење е соработката и поддршка во имплементација на проектот од страна на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Агенцијата за вработување на РМ и Центарот за вработување на град Скопје, Геронтолошкиот завод „13 Ноември“.

16864997_10212426869695236_7208819036064908038_n