Фрањо Франчич – Поетот кој ја преведе “Зајди, Зајди” на словенечки јазик

16473017_1853746141506939_7496065677917979772_n

16507916_1489829561030007_76869725896138326_n

Општината Пиран,(сместена на Пиранскиот полуостров , во близина на Порторож, Словенија, словенечко приморје), на 07.02.2017 година, словенечкиот културен празник го прослави со свечена манифестација “Струни на поезија” , со доделување на признанието  “Тартини”, во аудиториумот на Порторож.

Домаќинот на вечерта, градоначалникот на Пиран, Питер Босман (Piter Bossman) ја ja додели наградата за исклучителни достигнувања во областа на културата на писателот, поет, драмски автор и преведувач Фрањо Франчич (Franjo Frančič).
Образложението на признанието  е објавено на: http://bit.ly/2ltBS92


franjo-francicФрањо Франчич (малку познат на македонската јавност и публика, широко познат и признат во регионот и Европа), во 2013 година преведе  македонски писатели на словенечки јазик, во Антологија на нова македонска поезија – Деца на Сонцето.

Во ова Антологија , во првиот дел на книгата , Фрањо Франчич преведе 11 македонски поети на словенски јазик, а во втората половина 8 македонски народни песни меѓу кои Зајди Зајди, Македонско девојче, Зошто си ме мајко родила, Јовано Јованке, Си заљубив едно моме и др. Ова Антологија ја има денес во 30-тина библиотеки во Словенија.

Оваа дело “Otroci Sonca” (на словенечки), кое излезе од печат во рана пролет 2014, (фебруари – март), како и авторот Фрањо Франчич, не доби во македонската и словенечка јавност одек како што заслужуваше, како мост на културите и на државите,  но неговата трајна вредност добива секој ден се повеќе тежина со самиот лик и дело на Фрањо Франчич.

Франчич за Македонија ќе каже( во интервјуто подолу) : ” Македонија е многу убава и посакувам љубов и мир”.

http://www.budnost.mk/blog/2015/04/06/%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%be-%d1%84%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%87%d0%b8%d1%87-%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4/


На настанот, во чест на Франчич,  главен говорник беше Владимир Јурц, во режија на Mojka Mehora Lavrič и  Lara Pirc, настапија Аника Хорват,  Здружението на балетски уметници на Словенија, Cuker театарот,Џесика Кастелич Хреорешен (Jessica Kastelic Hreorešen), Порторошкиот хор, Гитарскиот оркестар на Копар, Танцово – акробатската група Флип, Танцовата група Пеперутка, Андреја Жиго (Andreja Žigo), основното школо Цирил Космач Пиран (Cirila Kosmača Piran) и  Италијанската заедница Џузепе Тартини (Giuseppe Tartini ) Пиран.

Фотографија: Martin Bobič