„Birday“ – нова изложба на Миро Масин

15591482_1819669551578819_3529128102939426704_o

mkd-41700-200x300

На 23-ти Декември 2016(петок) , од 12 – 20 часот, на ул .Кузман Шапкарев 41 (Ѓорче Петров, уметничка населба), ќе биде поставена изложбата на реномираниот македонски уметник, Мирослав Масин, „Birday“.

Академскиот сликар Мирослав Масин веќе ја поставува изложбата .Како што информираат , на изложбата ќе може да се купи дело  од Авторот.

Мирослав Масин е роден во 1963 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година и е член на Македонското здружение на ликовни уметници (ДЛУМ). Во перидот од 2000 и 2001 година  е Претседател на Здружението ДЛУМ. Остварува студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка.Има реализирано преку 40 самостојни и околу 200 групни изложби во Македонија, Југославија,Австрија, Данска, Франција, Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Америка.