За кривичните дела – Загрозување на сигурноста и говор на омраза

2000px-hatespeech-svg

1436730964547

Пишува – (анализа) Оливера Доцевска

“…За жал, извртувањето на вистината како средство за манипулација со народот е многу моќно средство посебно пред избори кои следуваат.О.Д.”

(дел од текстот е објавен во Нова Македонија, во јуни/јули 2016)

“Од аспект на Кривичниот Закон на Република Македонија ,

квалификацијата на едно лице , личност, група со терминот предавници , посебно ако ова се однесува на политички противници, во услови на избори и разгорени и кревки меѓунационални односи, нестабилност , сиромаштија, претставува

кривично дело  – Загрозување на сигурноста по чл.144 од КЗ, тесно поврзано со кривичното дело Предизвикување омраза и нетрпеливост и раздор од член 19 на КЗ.

Ако, во ваква констелација на односи,  предизвикувате чувства на нетрпеливост и омраза и лажен патротизам , во насока јас сум патриот како претставник на мојата политичка опција, а ти си предавник затоа што припаѓаш на друга политичка партија,  посебно ако тоа го правите по пат на информатички систем или на медиуми поради припадност кон определена група или определба, казната затвор е 5 години или потешка.

Кога станува збор за граѓанскиот сектор, кој најотворено укажува на прекршување на човековите права и слободи, бидејки е најобучен и има најдиректен контакт со граѓаните на терен,

ако невладините организации, граѓанските организации  се обележуваат како предавници,  странски слуги и послушници, затоа што работат на проекти  или укажуваат на говор на омраза и предизвикување на ораза и нетрпеливост ,

а се обележуваат така! само затоа што се вработени или активисти и можат колку толку нормално да живеат, бидејки државата(читај партијата) не им обезбедила вработување, проекти за кои финансии минуваат многу често преку  Министерство за финансии на Република Македонија?!,

Го поставувам прашањето, ДАЛИ ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ ДОСЕГА РАКОВОДАТ СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,  сите се предавници, затоа што зимаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Европска унија и не само од таму?.

Предавници ли се политичарите кои ги користат средствата на Обединети нации и УНДП за проектите на самовработување?

За жал, извртувањето на вистината како средство за манипулација со народот е многу моќно средство посебно пред избори кои следуваат.

Со години политикантите на овие простори( Балкански)  ја користат оваа методологија  за меѓусебно замразување на луѓето и манипулација.

На таков начин, со квалификување како предавници кон сите оние кои не се декларираат како силно приврзани кон одредена политика, посебно кон политиката на власта,  ако таа е изразено национално определена, се загрозува сигурноста , се предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост помеѓу луѓето, а тоа е позната максима за владеење, РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ.

Но, тоа претставува и тешко кривично дело, ин флагранти, едно од очигледните, кое не мора ни да се докажува, посебно од аспект на злоупотреба на службената положба и овластување.

Поради ова кривично дело,  утврдено во Кривичен закон на Република Македонија  во чл.319 став 1 и став 2, може да дојде до безредие и насилства спрема луѓе и имоти во големи размери.,

За ваквите кривични дела се одзема  и пратенички ИМУНИТЕТ.”