Промоција на Антологија со 52 македонски актуелни поетеси- “Ова е моето последно молчење”

14717212_1220159291373594_439266256994562603_n

Утре, на ден 28.10.2016 година, со почеток во 19 часот, во Јавна соба, Скопје, во рамките на на Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2016 е промоцијата на антологијата „Ова е моето последно молчење“, со поднаслов „Панорама на актуелни современи македонски поетеси“, во издание на Антолог.

Приредувачки на Антологијата се Елена Пренџова и Оливера Доцевска, а промоторка и рецензентка е Весна Мојсова-Чепишевска
По промоцијата остануваме да се забавуваме на роденденската журка на Јавна соба со ДЏ сет Марко Настиќ.

Фестивалот „BookStar“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на Јавна соба.

Во Антологијата се делата и кратките биографии на авторките/поетесите:

Александра Велинова-Радевска: Билјана Станковска: Биљана Т. Димко: Бистрица Миркуловска: Божана Трајковска: Вања Изова-Велева: Вера Чејковска: Вера Чорниј-Мешкова: Весна Ацевска: Весна Мундишевска-Велјановска: Виолета Танчева-Златева: Гордана Михаилова-Бошнакоска: Данче Николовска-Вратеовска: Драгана Евтимова: Драгица Најческа: Елена Пренџова: Елизабета Јончиќ: Жаклина Михајлова: Жаклина Филипова-Свеќаровска: Ирена Павлова де Одорико: Искра Донева: Искра Пенева: Катица Ќулавкова: Косара Гочкова: Ленче Милошевска: Лидија Димковска: Љерка Тот Наумова: Љубинка Донева: Љупка Антеска: Македонка Јанчевска: Марина Мијаковска: Марта Маркоска: Милена Ристова-Михајловска: Милица Димитријовска-Радевска: Милка Миндева: Мирјана Стојановска: Мирјана Тренчева: Нада Тренчева: Наде Поп-Гаврилова: Николина Андова:; Олга Панкина: Оливера Доцевска: Павлина Климкар-Меанџиева: Славица Гаџова-Свидерска: Славица Дабевска-Ќировска: Славица Урумова-Марковска: Славка Арсова: Слаѓана Атанасова: Снежана Стојчевска: Соња Гаврилова: Сузана В. Спасовска: Фима Клетникова: